Изреки
2 Сине мој, ако ги примиш моите зборови+ и ако ги зачуваш во себе моите заповеди,+ 2 ако ја слушаш со увото мудроста+ и го приклониш срцето кон разборитоста,+ 3 ако го повикаш разумот*+ и ако ја викнеш проникливоста,+ 4 ако го побараш сето тоа како сребро+ и ако трагаш по него како по скриено богатство,+ 5 тогаш ќе разбереш што значи да се има страв пред Јехова+ и ќе го пронајдеш знаењето за Бог.+ 6 Зашто, Јехова дава мудрост,+ од неговата уста доаѓаат знаењето и проникливоста.+ 7 Тој им помага на чесните да постапуваат мудро,*+ штит им е на оние што живеат* непорочно,*+ 8 зашто внимава на патеките на правдата+ и го чува патот на оние што му се лојални.+ 9 Тогаш ќе разбереш што значи праведност и исправно просудување и справедливост, сето она што е на патот на добротата.+
10 Кога мудроста ќе ти влезе во срцето+ и знаењето ќе ѝ стане пријатно на твојата душа,+ 11 способноста за расудување ќе внимава на тебе,+ проникливоста ќе те чува,+ 12 и ќе те избават од лош пат,+ од човек што кажува изопачени работи,+ 13 од оние што ги напуштаат патеките на чесноста за да одат по патиштата на темнината,+ 14 од оние што се радуваат кога прават зло+ и уживаат во зли и изопачени работи,+ 15 чии патеки се расипани и кои застраниле на своите патишта,+ 16 и ќе те избават од блудница,*+ од слаткоречива прељубница,*+ 17 која го остава блискиот другар на својата младост+ и го заборава сојузот на својот Бог.+ 18 Зашто, нејзината куќа тоне во смртта и нејзините патеки водат кон немоќните мртовци.+ 19 Кој ќе легне со неа, нема да се врати и никогаш нема да стапи на патиштата на живите.+
20 Целта на овие зборови е да одиш по патот на добрите луѓе+ и да се држиш за патеките на праведниците.+ 21 Зашто, праведниците ќе живеат на земјата+ и непорочните* ќе останат на неа.+ 22 А злите ќе бидат истребени од земјата+ и оние што постапуваат неверно ќе бидат искоренети од неа.+