Исаија
45 Јас, Јехова, вака му велам на својот помазаник+ Кир, кого го фатив за десницата,+ за да ги покорам пред него народите+ и да ги ослабам царевите, да отворам пред него двокрилна врата, за да не биде затворена градската порта: 2 „Јас ќе одам пред тебе+ и ќе ги израмнам височинките.+ Ќе ги разбијам бакарните врати, ќе ги скршам железните лостови.+ 3 Ќе ти ги дадам богатствата+ што лежат во темнина и на скришни места, за да знаеш дека јас сум Јехова, оној што те вика по име,+ Богот на Израел. 4 Поради својот слуга Јаков, поради Израел, својот избраник,+ те повикав по име. Ти дадов чесно име, иако не ме познаваше.+ 5 Јас сум Јехова, и нема друг.+ Нема Бог освен мене.+ Јас ќе те зајакнам, иако не ме познаваш, 6 за да се знае од исток до запад дека нема друг освен мене.+ Јас сум Јехова, и нема друг.+ 7 Јас ја давам светлината+ и ја создавам темнината,+ го донесувам мирот+ и ја создавам неволјата+ — јас, Јехова, го правам сето тоа.+
8 Росете, небеса, одозгора!+ Небесни облаци, од вас нека врне праведност!+ Нека се отвори земјата и нека роди спасение, нека никне+ тогаш и правдата! Јас, Јехова, го создавам тоа“.+
9 Тешко на оној што се препира со својот Творец,+ како што црепот се препира со другите црепови! Зарем глината+ ќе му рече на својот творец: „Што правиш?“ Зарем твоето дело ќе рече: „Тој нема раце“? 10 Тешко на оној што му вели на својот татко: „Какви деца донесуваш на свет?“ — и на неговата жена: „Што ти е тоа што го раѓаш?“+
11 Вака вели Јехова, Светецот на Израел+ и негов Творец:+ „Прашајте што ќе биде+ со моите синови,+ заповедајте ми за делото+ на моите раце! 12 Јас ја направив земјата+ и го создадов човекот на неа.+ Со свои раце ги распнав небесата+ и ѝ заповедам на целата нивна војска“.+
13 „Јас го подигнав својот слуга во праведност+ и ќе ги израмнам сите негови патишта.+ Тој ќе го изгради мојот град+ и ќе ги отпушти моите изгнаници,+ не за пари,+ ниту за мито“, вели Јехова над војските.
14 Вака вели Јехова: „Неплатените египетски+ работници, етиопските трговци и Савејците,+ високи луѓе,+ самите ќе дојдат кај тебе и ќе бидат твои.+ Ќе одат по тебе, ќе доаѓаат во окови+ и ќе ти се клањаат.+ Тебе ќе ти се молат и ќе велат: ‚Навистина Бог е со вас,+ и нема друг, нема друг Бог!‘ “+
15 Навистина, ти си Бог што се крие,+ Бог на Израел, Спасител.+ 16 Сите тие ќе се засрамат и ќе бидат понижени. Сите што прават идоли ќе одат понижени.+ 17 А Израел ќе биде спасен+ со вечно спасение+ бидејќи е во заедништво со Јехова. Вие нема да се посрамите+ и нема да бидете понижени+ довека, во сета вечност.
18 Зашто, вака вели Јехова, Творецот на небесата,+ оној што е вистинскиот Бог,+ оној што ја обликува и ја направи земјата,+ оној што ја зацврсти+ и не ја создаде залудно, туку ја обликува за да биде населена:+ „Јас сум Јехова, и нема друг.+ 19 Не зборував во тајност,+ во некој мрачен агол на земјата, и не му реков на потомството на Јаков: ‚Побарајте ме, но ќе ви биде залудно!‘+ Јас, Јехова, го зборувам она што е праведно, го објавувам она што е право.+
20 Соберете се и дојдете!+ Пристапете заедно, сите вие што се избавивте од другите народи!+ Оние што ги носат своите режани ликови од дрво не знаат ништо, а ниту оние што се молат на бог кој не може да спаси.+ 21 Кажете што имате, изнесете ги своите докази!+ Нека се посоветуваат сложно! Кој го навестил тоа уште од дамнешни времиња?+ Кој го објавил уште одамна?+ Зарем не јас, Јехова? Нема друг Бог освен мене.+ Јас сум праведен Бог и Спасител,+ и нема друг освен мене.+
22 Свртете се кон мене и спасете се,+ вие што живеете по краиштата на земјата, зашто јас сум Бог, и нема друг!+ 23 Се заколнав во самиот себе+ — во праведност излезе речта од мојата уста,+ и нема да се врати+ — дека секое колено ќе се свитка пред мене+ и секој јазик ќе ми се заколнува,*+ 24 велејќи: ‚Навистина, во Јехова е сета правда и моќ.+ Сите што се жестат против него ќе дојдат кај него и ќе се посрамат.+ 25 Со Јеховина помош ќе се оправда+ целото семе+ на Израел и со него ќе се гордее‘ “.+