Псалми
На управителот. Псалм од синовите на Кореј.+ Песна.
49 Чујте го ова, сите народи!
Приклонете уво, сите жители на овој век,+
2 синови земни и синови човечки,
богати и сиромашни заедно!+
6 Од оние што имаат доверба во својот имот+
и кои се фалат со своето големо богатство,+
7 никој не може да го откупи братот,+
и не може да му даде на Бог откуп за него
8 (откупнината за нивната душа е толку висока+
што останува неплатена довека),
9 па да живее засекогаш и да не ја види гробната јама.+
10 Зашто, тој гледа дека и мудрите умираат,+
гинат и безумните и неразумните,+
и на други им го оставаат својот имот.+
11 Во себе имаат желба нивните куќи да траат довека,+
нивните шатори од поколение во поколение.+
Своите земјишни поседи ги нарекуваат со своето име.+
12 Но земниот човек, макар и да е почитуван, не може да остане жив,+
навистина е како животните што гинат.+
13 Тоа е патот на оние што се полни со безумство+
и на оние што ги следат и уживаат во нивните фалбаџиски зборови. (Села)
14 Како овци, одредени се за гробот,*+
смртта ќе им биде пастир,+
а справедливите ќе владеат наутро над нив+
и секоја трага од нив ќе исчезне,+
секој од нив заминува во гробот,* а не во возвишено живеалиште.+
16 Нека не те плаши тоа што некој се богати,+
што расте славата на неговата куќа,+
17 зашто, кога ќе умре, не може ништо да понесе со себе,+
и неговата слава нема да слезе со него.+
18 Зашто, додека беше жив ја благословуваше својата душа.+
(Луѓето ќе те фалат затоа што си правиш добро себеси.)+