Јов
38 Тогаш Јехова му одговори на Јов од виорот:+
2 „Кој е тој што ја замрачува Божјата намера
со зборови во кои нема знаење?+
3 Те молам, заврати си ги скутовите на облеката како човек
и пушти ме да те прашувам, а ти поучи ме.+
5 Знаеш ли кој ѝ ги одреди мерките
и кој го растегна над неа мерното јаже?
6 Во што се вглавени нејзините подножја+
и кој ѝ го положи аголниот камен
8 Кој го затвори морето со врати,+
кога навре како од мајчина утроба,
9 кога го облеков со облак
и го повив со густа темнина,
10 кога му одредив граница
и му ставив врати со резиња,+
11 и реков: ‚Довде можеш да доаѓаш, но не подалеку!+
Тука ќе им биде границата на твоите горди бранови‘.+
12 Си му дал ли некогаш во животот заповед на утрото да осамне?+
Си ѝ го покажал ли на зората нејзиното место,
13 да ја фати земјата за краевите
и да ги истресе злобните од неа?+
14 Тогаш земјата се преобразува како глина+ под печат,
а она што е на неа го добива својот изглед, како да се облекува.
19 Кој пат води до живеалиштето на светлината,+
и каде е живеалиштето на темнината,
20 па да ги однесеш до нивната меѓа
и да ги запознаеш патиштата што водат до нивната куќа?
21 Го знаеш ли тоа? Дали можеби си се родил тогаш,+
па твоите денови се многубројни?
22 Си влегол ли во ризниците на снегот+
и си ги видел ли ризниците на градот,+
23 кои ги чувам за времето на неволјата,
за денот на битката и војната?+
25 Кој ги насочува поројните дождови
и му го одредува патот на громовниот буроносен облак,+
26 за да паѓа дожд на земјата каде што нема човек,+
на пустелија во која нема земен човек,
27 за да ги напои пустите краишта погодени од бура,
да даде да никне трева?+
29 Од чија утроба излегува ледот и
кој го раѓа небесниот мраз?+
32 Можеш ли да го изведеш во право време соѕвездието Мазарот
и да го водиш соѕвездието Аш* со неговите синови?
35 Можеш ли да ги испратиш молњите да отидат
и да ти кажат: ‚Еве нѐ‘?
37 Кој може со својата мудрост да ги преброи облаците
или да ги преврти небесните ќупови,+
38 па земниот прав да стане како растопена маса
и грутките земја да се слепат?
39 Можеш ли на лавот да му ловиш плен
и на младите лавови+ да им го заситиш големиот глад
40 кога демнат во скривалиштата+
или лежат во заседа во честакот?
41 Кој му приготвува храна на гавранот+
кога неговите пилци викаат кон Бог за помош,
кога талкаат затоа што немаат што да јадат?