1. Мојсеева
40 А потоа пехарникот+ и пекарот на египетскиот цар му згрешија на својот господар, царот на Египет.+ 2 И фараонот се разгневи на своите двајца дворјани,+ на главниот пехарник и на главниот пекар.+ 3 Па ги стави в затвор во куќата на заповедникот на телесната стража,+ во истиот затвор+ каде што беше затворен и Јосиф. 4 А заповедникот на телесната стража го одреди Јосиф да биде со нив за да ги послужува.+ И тие поминаа некое време во затворот.
5 Обајцата — и пехарникот и пекарот на египетскиот цар, кои беа затворени во затворот+ — сонија сон,+ во истата ноќ секој го сони својот сон,+ и секој сон имаше свое значење.+ 6 Кога Јосиф дојде кај нив изутрината и ги виде, изгледаа потиштено.+ 7 Затоа ги праша фараоновите дворјани, кои беа со него в затвор во куќата на неговиот господар: „Зошто ви се лицата денес толку тажни?“+ 8 А тие му одговорија: „Секој од нас сони сон, а нема кој да ни ги протолкува“. Тогаш Јосиф им рече: „Зарем не е Бог тој што ги толкува соништата?+ Ве молам, раскажете ми што сте сониле!“
9 И главниот пехарник му го раскажа својот сон на Јосиф: „Во мојот сон видов пред себе една лоза. 10 А на лозата имаше три млади ластари.+ И таа потера и расцвета, и гроздовите на неа узреаја. 11 А фараоновиот пехар ми беше в рака, па го зедов грозјето и го исцедив во фараоновиот пехар.+ Потоа му го дадов пехарот на фараонот в рака“.+ 12 Тогаш Јосиф му рече: „Ова е толкувањето:+ трите млади ластари се три дена. 13 По три дена фараонот ќе те изведе од затворот* и ќе те врати во служба.+ Пак ќе му го даваш пехарот на фараонот в рака, како што го правеше тоа и порано, кога му беше пехарник.+ 14 Но сети се на мене кога ќе ти биде добро+ и, те молам, направи ми добро дело,* па спомни ме пред фараонот+ и изведи ме од овој затвор! 15 Зашто јас, всушност, бев грабнат од земјата на Евреите,+ а ни овде не сум сторил ништо поради кое би требало да ме фрлат в затвор“.*+
16 Кога виде дека Јосиф кажа добри работи во своето толкување, главниот пекар му рече: „И јас сонив сон, и во него имав на главата три кошници со бел леб. 17 Во најгорната кошница имаше секакви печива за фараонот,+ кои ги подготвува пекарот, и птиците+ ги јадеа од кошницата на мојата глава“. 18 Тогаш Јосиф одговори: „Ова е значењето:+ трите кошници се три дена. 19 По три дена фараонот ќе те изведе од затворот, па ќе ти ја отсече главата* и ќе те обеси на столб,+ а птиците ќе јадат месо од тебе“.+
20 По три дена му беше роденден на фараонот,+ и тој приреди гозба за сите свои слуги, па ги изведе од затворот* главниот пехарник и главниот пекар меѓу своите слуги.+ 21 Главниот пехарник го врати во неговата пехарничка служба,+ и тој продолжи да му го дава пехарот на фараонот в раце. 22 А главниот пекар го обеси,+ токму како што им протолкува Јосиф.+ 23 Но главниот пехарник не се сети на Јосиф, туку го заборави.+