Исаија
61 Духот на Севишниот Господар Јехова е врз мене,+ зашто Јехова ме помаза+ за да им ја објавам добрата вест на кротките.+ Ме испрати да им ги превијам раните на оние што се со скршено срце,+ да им објавам слобода на заробениците+ и отворање на очите на затворениците,+ 2 да ја објавам годината на Јеховината милост+ и денот на одмаздата на нашиот Бог,+ да ги утешам сите што тагуваат,+ 3 да ги дарувам оние што тагуваат поради Сион, да им дадам покривало за главата наместо пепел,+ масло на радост+ наместо тага, и наметка на фалба наместо потиштен дух.+ И ќе ги викаат дрвја на праведноста,+ насадени од Јехова,+ за негова убавина.+ 4 Тие повторно ќе ги изградат одамна опустошените места,+ ќе ги подигнат местата што се одамна пусти,+ ќе ги обноват опустошените градови,+ местата што се пусти со поколенија.
5 „Странци ќе дојдат и ќе ги пасат вашите стада,+ туѓинци+ ќе ви бидат земјоделци и лозари.+ 6 А вас ќе ве викаат свештеници на Јехова,+ ќе ве нарекуваат слуги+ на нашиот Бог. Вие ќе го јадете богатството на народите,+ ќе се гордеете со нивното благо.+ 7 Наместо срам, мојот народ ќе добие двоен дел,+ наместо понижување, ќе воскликнува радосно поради своето наследство.+ Затоа во својата земја ќе добијат во сопственост двоен дел.+ Тие ќе имаат вечна радост.+ 8 Зашто јас, Јехова, ја сакам правдата,+ а ги мразам грабежот и неправдата.+ Ќе бидам верен и ќе им дадам плата+ и ќе склучам траен сојуз со нив.+ 9 Нивното потомство ќе биде познато меѓу народите+ и нивните потомци меѓу племињата. Сите што ќе ги видат, ќе ги препознаат+ дека се род кој Јехова го благословил.“+
10 Јас ќе му се радувам на Јехова.+ Мојата душа ќе се весели поради мојот Бог.+ Зашто, тој ме облече во облеки на спасението,+ ме наметна со наметка на праведноста,+ како младоженец кој, како свештеник, става покривало за глава,+ и како невеста која се украсува со накит.+ 11 Зашто, како што земјата го пушта својот подник и како што во градината никнува она што е посеано во неа,+ така и Севишниот Господар Јехова ќе даде да никне праведност+ и фалба пред сите народи.+