Изреки
8 Зар не вика мудроста+ и зарем не го пушта својот глас проникливоста?+ 2 Застанала на врвот од височините,+ крај патот, на раскрсниците. 3 Покрај портите, на влезот од градот,+ на влезната врата гласно вика:+
4 „Ве викам вас, луѓе, и го насочувам својот глас кон синовите човечки.+ 5 Стекнете остроумност, вие неискусни,+ а вие безумни, стекнете разборито срце.+ 6 Слушајте, зашто зборувам за она што е најважно+ и усните ги отворам за да зборуваат за она што е исправно.+ 7 Зашто, мојата уста тивко ја зборува* вистината,+ а злобата е гнасна за моите усни.+ 8 Сите зборови на мојата уста се праведни.+ Во нив нема ништо изопачено или расипано.+ 9 Сите тие му се јасни на разборитиот и добри се за оние што стекнале знаење.+ 10 Прифатете ја мојата поука,* а не сребро, и порадо прифатете знаење отколку најдобро злато.+ 11 Зашто, мудроста е подобра од бисерите,*+ и сѐ што му е мило на човекот не може да се спореди со неа.+
12 Јас, мудроста, живеам со остроумноста+ и поседувам знаење и способност за расудување.+ 13 Стравот од Јехова значи да се мрази злото.+ Јас ги мразам самовозвишувањето и гордоста,+ лошиот пат и изопачената уста.+ 14 Можам да дадам добар совет+ и знам како да постапувам мудро.*+ Имам разборитост,*+ имам моќ.+ 15 Преку мене царевите царуваат и владетелите одлучуваат според правдата.+ 16 Преку мене кнезовите владеат+ и сите достоинственици судат праведно.+ 17 Јас ги сакам оние што ме сакаат мене,+ и оние што ме бараат, ме наоѓаат.+ 18 Кај мене се богатството и славата,+ вредното наследство и праведноста.+ 19 Мојот плод е подобар од злато, од суво злато, и мојата добивка е подобра од најдоброто сребро.+ 20 Јас одам по патот на праведноста,+ среде патеките на правдата,+ 21 за да им дадам вистинско богатство на оние што ме сакаат.+ Нивните ризници јас ги полнам.+
22 Јехова ме создаде. Јас сум почетокот на неговиот творечки пат,+ првото од неговите дамнешни дела.+ 23 Поставена сум уште од далечното минато,+ од почетокот, од времето кога земјата уште не постоеше.+ 24 Се родив* уште кога немаше водни бездни,+ кога немаше извори на обилни води. 25 Се родив пред да бидат утврдени планините,+ пред ридовите, 26 кога тој уште ја немаше направено земјата,+ ниту полињата, ниту првите грутки плодна земја.+ 27 Кога тој ги уредуваше небесата, јас бев присутна.+ Кога поставуваше круг над лицето на водната бездна,+ 28 кога ги зацврстуваше облаците во висините,+ кога ги утврдуваше изворите на водната бездна,+ 29 кога му одреди на морето граница, која неговите води не смеат да ја престапат,+ кога ги одредуваше темелите на земјата,+ 30 тогаш бев крај него како вешт градител+ и му бев посебна радост,+ од ден на ден, и се веселев пред него за сето време,+ 31 ѝ се радував на плодната почва на неговата земја+ и им се радував на синовите човечки.+
32 Затоа, послушајте ме, синови мои. Среќни се оние што се држат за моите патишта.+ 33 Слушајте ја поуката* и станете мудри,+ не занемарувајте ја.+ 34 Среќен е човекот што ме слуша, така што бдее на моите врати од ден на ден и стражари кај довратниците на мојата врата.+ 35 Зашто, кој ќе ме најде мене, сигурно ќе најде живот+ и ќе ја стекне Јеховината наклоност.+ 36 А кој нема да ме најде мене, ќе ѝ нанесе рани на својата душа.+ Сите што ме мразат, ја сакаат смртта“.+