Откровение
14 И видов, и гледај — Јагнето+ стои на гората Сион,+ и со него сто четириесет и четири илјади,+ кои го имаат неговото име и името на неговиот Татко+ напишано на своите чела. 2 И чув звук од небото како шум од многу води+ и како татнеж од силен гром. Звукот што го чув беше како музика на харфисти,+ кои пееја и свиреа на своите харфи. 3 Пееја+ нешто како нова песна+ пред престолот и пред четирите суштества+ и пред старешините.+ И никој не можеше да ја научи таа песна, освен оние сто четириесет и четири илјади,+ кои се откупени+ од земјата. 4 Тоа се оние што не се извалкаа со жени;+ тие ја зачуваа својата девственост.+ Тие го следат Јагнето каде и да појде.+ Тие се откупени+ од луѓето како првина+ за Бог и за Јагнето, 5 и никаква лага не им се најде во устата,+ со ништо не се извалкаа.+
6 И видов еден друг ангел како лета среде небото,+ носејќи вечна добра вест+ за да им ја објави на оние што живеат на земјата — на секој народ и племе и јазик и народност.+ 7 И зборуваше со силен глас: „Бојте се од Бог+ и оддајте му слава,+ зашто дојде часот на неговиот суд!+ Поклонете му се на оној* што ги создаде+ небото и земјата и морето и изворите на вода!“+
8 По него одеше уште еден ангел, втор ангел, велејќи: „Падна, падна+ Големиот Вавилон,+ блудницата која ги напои сите народи со виното+ на гневот, со виното на својот блуд!“+
9 По него одеше уште еден ангел, трет ангел, велејќи со силен глас: „Ако некој му се поклони на ѕверот+ и на неговиот кип+ и ако прими жиг на своето чело или на раката,+ 10 тој, исто така, ќе пие од виното на Божјиот гнев, неразводнето, кое е сипано во чашата на неговата јарост.+ И ќе биде мачен+ со оган и сулфур+ пред светите ангели и пред Јагнето. 11 И чадот од нивното мачење ќе се крева во сета вечност.+ Ни дење ни ноќе нема да имаат одмор оние што му се поклонуваат на ѕверот и на неговиот кип, и сите што го примија жигот+ на неговото име. 12 Тоа бара истрајност од светите,+ оние што ги држат Божјите заповеди+ и верата+ во Исус“.
13 И чув глас од небото како вели: „Напиши: среќни се оние што отсега умираат во Господарот.*+ Да, вели духот, нека се одморат од својот труд, зашто нивните дела одат по нив“.
14 И видов, и гледај — бел облак, а на облакот седеше некој како синот човечки,+ со златна круна+ на главата и со остар срп во раката.
15 И еден друг ангел излезе од храмското светилиште, викајќи му со силен глас на оној што седи на облакот: „Замавни со српот и жнеј,+ зашто дојде часот да се жнее, земната жетва+ е зрела!“+ 16 И оној што седеше на облакот замавна со српот на земјата, и земјата беше пожнеана.
17 И уште еден ангел излезе од светилиштето на небесниот храм.+ И тој имаше остар срп.
18 И уште еден ангел излезе од жртвеникот и имаше власт над огнот.+ И извика со силен глас по оној што го имаше остриот срп: „Замавни со својот остар срп и собери ги гроздовите од земната лоза,+ зашто нејзиното грозје узреало!“ 19 И ангелот+ замавна со српот на земјата и ја пресече земната лоза+ и заедно со грозјето ја фрли во големото гмечало на Божјиот гнев.+ 20 И гмечалото беше газено надвор од градот+ и крв протече од гмечалото, подигнувајќи се дури до уздите на коњите,+ на оддалеченост од илјада и шестотини стадии.*+