Тит
2 А ти зборувај го она што се согласува со здравото учење.+ 2 Постарите мажи+ нека бидат умерени во сѐ, достојни за почит,*+ разборити, здрави во верата,+ во љубовта и во истрајноста.+ 3 Исто така, постарите жени+ нека се однесуваат богобојазливо, нека не клеветат+ и нека не робуваат на многу вино, туку нека ги поучуваат другите за она што е добро, 4 за да можат да ги учат помладите жени да си ги сакаат мажите,+ да си ги сакаат децата,+ 5 да бидат разборити, чесни,+ примерни домаќинки, добри, подложни+ на своите мажи, за да не се зборува погрдно за Божјата реч.+
6 Исто така, помладите мажи поттикнувај ги да бидат разборити,+ 7 а самиот биди во сѐ пример во вршењето на добри дела.+ Твоето поучување+ нека се одликува со нерасипаност,+ сериозност, 8 здрав говор, на кој не може ништо да му се приговори,+ за да се посрами противникот кога ќе нема ништо лошо да каже за нас.+ 9 Робовите+ нека им бидат подложни на своите господари во се+ и нека им угодуваат. Нека не им противречат,+ 10 нека не ги поткраднуваат,+ туку во потполност нека покажуваат соодветна верност,+ за да го украсуваат во сѐ учењето на нашиот Спасител,+ Бог.
11 Зашто, се покажа+ Божјата незаслужена доброта,+ која им донесува спасение+ на најразлични луѓе.+ 12 Нѐ поучи да се откажеме од безбожноста+ и од световните желби+ и да живееме разборито, праведно и со оддаденост на Бог+ среде овој сегашен свет,*+ 13 додека го чекаме исполнувањето на нашата прекрасна надеж+ и славното појавување на великиот Бог+ и на нашиот Спасител, Христос Исус. 14 Христос се дал себеси за нас,+ за да нѐ избави+ од секое беззаконие и да исчисти+ за себе народ што го избрал,+ кој ревносно прави добри дела.+
15 Зборувај го тоа, опоменувај и укорувај, бидејќи ги имаш сите овластувања за тоа.+ Никој нека не те омаловажува.+