Матеј
18 Во тој час учениците му пристапија на Исус и рекоа: „Кој е, всушност, најголем во царството небесно?“+ 2 А тој повика кај себе едно дете, го стави меѓу нив+ 3 и рече: „Вистина, ви велам, ако не се преобратите и не станете како деца,+ нема да влезете во царството небесно.+ 4 Затоа, кој ќе се понизи+ како ова дете, тој е најголем во царството небесно.+ 5 И кој прима едно вакво дете во мое име, ме прима и мене.+ 6 Но, кој ќе поколеба во верата* еден од овие мали кои веруваат во мене, подобро ќе му биде да му обесат околу вратот мелнички камен+ што го врти магаре и да потоне во морската длабочина.+
7 Тешко му на светот поради тоа што им дава на луѓето причина да грешат!* Се разбира, таквите причини за грев мора да ги има,+ но тешко на човекот преку кого доаѓаат тие!+ 8 Значи, ако твојата рака или твојата нога те наведува на грев,* отсечи ја и фрли ја од себе!+ Подобро ти е сакат или куц да добиеш живот отколку со две раце или со две нозе да бидеш фрлен во вечниот оган.+ 9 И ако окото те наведува на грев, извади го и фрли го од себе! Подобро ти е со едно око да добиеш живот отколку со две очи да бидеш фрлен во огнот на геената.*+ 10 Гледајте да не презрете еден од овие мали, зашто ви велам дека нивните ангели+ на небото секогаш го гледаат лицето на мојот Татко кој е на небото.+ 11 * ——
12 Што мислите, ако некој човек има сто овци и една од нив залута,+ нема ли да ги остави оние деведесет и девет в планина и да тргне да ја бара залутаната?+ 13 И ако успее да ја најде, вистина, ви велам, повеќе ќе се радува поради неа отколку поради оние деведесет и девет што не залутале.+ 14 Така и мојот Татко, кој е на небото, не сака да загине ниту еден од овие маливе.+
15 Ако твојот брат направи грев, оди и насамо укажи му на неговиот престап.+ Ако те послуша, си го придобил својот брат.+ 16 А ако не послуша, земи со себе уште еден или двајца, за да биде потврдено секое тврдење со изјавата на двајца или тројца сведоци.+ 17 Ако не ги послуша нив, кажи му на собранието. А ако не го послуша ниту собранието, нека ти биде како незнабожец+ и како даночник.+
18 Вистина, ви велам, што и да врзете на земјата, ќе биде одраз на она што веќе е врзано на небото, и што и да разврзете на земјата, ќе биде одраз на она што веќе е разврзано* на небото.+ 19 Понатаму, ви велам, ако двајца од вас на земјата сложно замолат за која и да било важна работа, тоа ќе им го исполни мојот Татко кој е на небото.+ 20 Зашто, каде што двајца или тројца се собрани во мое име,+ таму сум и јас меѓу нив“.+
21 Тогаш му пријде Петар и му рече: „Господару, колкупати може да ми згреши мојот брат, а јас да му простам?+ До седум пати?“+ 22 А Исус му рече: „Не ти велам до седумпати, туку до седумдесет и седум пати.+
23 Затоа, со царството небесно е како со човек, цар,+ кој сакаше да ги среди сметките+ со своите робови. 24 Кога почна да пресметува, му доведоа еден човек кој му должеше десет илјади таланти* [односно шеесет милиони денарии].* 25 Но бидејќи немаше со што да го врати долгот, господарот нареди да ги продадат него и неговата жена и децата и сѐ што имаше, и да се намири долгот.+ 26 Тогаш робот падна ничкум и, клањајќи се, му рече: ‚Биди стрплив со мене, и сѐ ќе ти вратам‘. 27 А на господарот му падна жал и го пушти тој роб,+ поништувајќи му го долгот.+ 28 А тој роб излезе и најде еден друг роб, кој му должеше сто денарии.+ Го зграпчи и почна да го дави, велејќи: ‚Исплати ми сѐ што ми должиш!‘ 29 Тогаш тој роб падна ничкум и го молеше: ‚Биди стрплив+ со мене, и ќе ти вратам‘. 30 Но тој не сакаше, туку отиде и го фрли в затвор додека не го врати она што го должеше. 31 А кога другите робови видоа што се случи, многу се нажалија, па отидоа и му раскажаа на својот господар за сѐ што се случи.+ 32 Тогаш неговиот господар го викна и му рече: ‚Зол робу, јас ти го поништив сиот оној долг, бидејќи ме молеше. 33 Зарем не требаше и ти да му се смилуваш+ на другиот роб, како што јас ти се смилував+ тебе?‘ 34 И неговиот господар се разгневи+ и им го предаде на темничарите, додека не врати сѐ што должеше. 35 Така+ и мојот небесен Татко ќе постапи со вас ако секој од вас не му прости од срце на својот брат“.+