Изреки
26 Како што снег не прилега лете и дожд во време на жетва,+ така честа не му прилега на безумникот.+
2 Како што птицата има причина да одлета и ластовицата да лета, така и проклетството не доаѓа без причина.+
3 Камшикот е за коњот,+ уздата+ за магарето, а прачката за плеќите на безумниците.+
4 Не одговарај му на безумникот според неговата глупост, за да не бидеш ист како него.+
5 Одговори му на безумникот според неговата глупост, за да не мисли за себе дека е мудар.+
6 Кој доверува нешто во рацете на безумник, тој е како човек што си ги пресечува нозете, како човек што самиот себе си прави зло.+
7 Како што се тетерават нозете на куциот кој носи вода, таква е и мудрата изрека во устата на безумните луѓе.+
8 Како човек што става камен под куп камења, таков е оној што му укажува чест на безумник.+
9 Како трнлива гранка во раката на пијаница, таква е мудрата изрека во устата на безумните.+
10 Како стрелец што ги прободува сите, таков е оној што најмува безумник+ или најмува минувач.
11 Како што кучето се враќа на својата блујавица, така и безумникот ја повторува својата глупост.+
12 Си видел ли човек кој за себе мисли дека е мудар?+ Повеќе надеж има за безумникот+ отколку за него.
13 Мрзливецот вели: „На патот има млад лав, лав има на плоштадите“.+
14 Вратата се врти на своите лежишта, а мрзливецот на својата постела.+
15 Мрзливецот макнува со раката во чинијата, но преуморен е за да си ја принесе до устата.+
16 Мрзливецот за себе мисли дека е помудар+ од седуммина кои одговараат разумно.
17 Како човек што фаќа куче за уши, таков е оној што, поминувајќи, се гневи на караницата во која се вмешал, иако не го засега.+
18 Како лудак што фрла оган,+ стрели и смрт, 19 таков е човекот што ќе го измами ближниот свој па вели: „Само се шегував“.+
20 Кога снемува дрва, огнот згаснува, и кога нема клеветник, караницата престанува.+
21 Како што е дрвениот јаглен за жарта и дрвото за огнот, таков е кавгаџијата за да ја разгорува караницата.+
22 Зборовите на клеветникот се како залаци што лакомо се голтаат, се спуштаат до дното на утробата.+
23 Како сребрена глазура на парче скршен земјен сад, такви се срдечните усни со зло срце.+
24 Оној што мрази, се преправа со своите усни, а во себе собира измама.+ 25 Иако зборува со мил глас,+ не верувај му,+ зашто во срцето има седум гадотии.+ 26 Ако лукавство ја прикрива омразата, неговата злоба ќе биде откриена пред заедницата.+
27 Кој копа јама, самиот ќе падне во неа,+ и кој тркала камен, каменот врз него ќе се стркала.+
28 Лажливиот јазик го мрази оној кого го сотрува,+ и ласкавата уста донесува пропаст.+