Исаија
22 Објава за долината на видението:+ Што ти е? Зошто излегол на покривите+ сиот твој народ? 2 Беше полн со метеж, бучен граду, весел граду.+ Твоите погубени не се погубени со меч, ниту загинале во бој.+ 3 Сите твои самоволни владетели+ побегнаа одеднаш.+ Одведени се во заробеништво, а непријателот не затегнал ниту лак. Сите што беа најдени во тебе, одведени се заедно во заробеништво,+ а бегаа далеку.
4 Затоа реков: „Немојте да ме гледате, ќе заплачам горко!+ Немојте да ме тешите што е опустошена ќерката на мојот народ!+ 5 Зашто, тоа е ден на збунетост,+ газење+ и метеж,+ ден на Севишниот Господар, Јехова над војските, во долината на видението. Дојде оној што го урива ѕидот,+ се крева викотница* накај планината.+ 6 Елам+ го зеде тулот на бојната кола која ја влечат коњи. Кир+ го откри штитот. 7 Твоите најубави рамници ќе се наполнат со бојни коли, коњите ќе застанат пред портата 8 и ќе биде отстранета заштитата на Јуда. А ти во тој ден ќе го впериш погледот кон оружарницата+ на шумската+ куќа. 9 И ќе ги видите пукнатините во ѕидот на Давидовиот град, зашто ќе ги има многу.+ Ќе ја собирате водата од долното езерце.+ 10 Ќе ги пребројувате ерусалимските куќи. Ќе ги уривате куќите за да ги зацврстите ѕидиштата.+ 11 Помеѓу двата ѕида ќе направите собиралиште за вода од старото езерце.+ Но погледот нема да го вперите кон Великиот Бог којшто го направи тоа, нема да го видите оној што одамна го смисли тоа.
12 Во тој ден, Севишниот+ Господар, Јехова над војските, ќе ве повика да плачете+ и да тагувате, да ги избричите главите и да препашете козина.+ 13 Но еве: се радуваат и се веселат, убиваат говеда и колат овци, јадат месо и пијат вино,+ велејќи: ‚Да јадеме и да пиеме, зашто утре ќе умреме!‘ “+
14 А Јехова над војските го откри ова за да го чујам со свои уши:+ „ ,Овој престап нема да ви биде очистен+ додека не умрете‘,+ вели Севишниот Господар, Јехова над војските“.
15 Вака вели Севишниот Господар, Јехова над војските: „Ајде оди кај оној дворски управител,+ Шевна,+ и речи му: 16 ‚Што имаш и кого имаш тука, па си длабиш тука гробница?‘+ Тој си ја длаби гробницата на височина, во карпа си засечува место каде што ќе престојува. 17 ‚Гледај, човеку, јас, Јехова, ќе те фрлам со силен замав и ќе те зграпчам. 18 Ќе те замотам цврсто и ќе те фрлам како топка во широка земја. Таму ќе умреш и таму ќе бидат твоите славни коли на срам на домот на твојот господар. 19 Ќе те сменам од твоето место, ќе бидеш тргнат од твојата служба.+
20 Во тој ден ќе го повикам својот слуга+ — Елијаким,+ синот на Хелкија.+ 21 Ќе му ја облечам твојата облека, ќе го препашам со твојот појас+ и ќе му ја дадам в раце твојата власт, и ќе им биде татко на ерусалимските жители и на домот на Јуда.+ 22 Ќе му го ставам на рамо клучот+ на Давидовиот дом, па кога тој ќе отвори, никој нема да затвори, а кога тој ќе затвори, никој нема да отвори.+ 23 Ќе го забијам како клин,+ за да стои трајно на своето место, и ќе стане престол на славата за домот на својот татко.+ 24 На него ќе ја закачуваат сета слава на домот на неговиот татко, потомството и фиданките, сите мали садови, разни чинии и сите разни ќупови.
25 ‚Во тој ден‘, вели Јехова над војските, ,ќе биде отстранет клинот+ што е трајно забиен на своето место, ќе биде исечен и ќе падне, и ќе се уништи товарот што висеше на него, зашто така рече Јехова‘ “.+