Софонија
1 Јеховината реч која му дојде на Софонија, синот на Хуси, син на Годолиј, син на Амарија, син на Езекија, во деновите на Јосија,+ синот на Амон,+ царот на Јуда:
2 „Сѐ ќе истребам од лицето на земјата“, вели Јехова.+
3 „Ќе ги истребам луѓето и животните.+ Ќе ги истребам птиците небесни и рибите морски,+ и секој камен за спрепнување заедно со злите.+ Ќе ги истребам луѓето од лицето на земјата“,+ вели Јехова. 4 „Ќе дигнам рака на Јуда и на сите жители на Ерусалим,+ и ќе го истребам од ова место остатокот на Ваал,+ името на свештениците на туѓите богови заедно со другите свештеници,+ 5 и оние што на покривите ѝ се поклонуваат на небесната војска,+ и оние што се поклонуваат+ и се заколнуваат во Јехова+ и во Малхам,+ 6 и оние што отстапуваат од Јехова,+ кои не го бараат Јехова, ниту го прашуваат за совет.“+
7 Замолкнете пред Севишниот Господар Јехова!+ Јеховиниот ден е близу,+ зашто Јехова подготви жртва,+ ги повика*+ оние што ги покани.
8 „Во денот на Јеховината жртва ќе ги казнам кнезовите и царските синови+ и сите што носат туѓинска облека.+ 9 И во тој ден ќе ги казнам сите што се качуваат на возвишено место,* оние што куќата на своите господари ја полнат со насилство и со измама.+ 10 Во тој ден“, вели Јехова, „ќе се дигне викотница од Рибната Порта,+ и горко плачење од новиот дел на градот*+ и силен тресок од ридовите.+ 11 Плачете+ горко, жители на Мактес,* зашто е погубен* сиот трговски народ,+ истребени се сите што мерат сребро.
12 И во тоа време ќе го пребарам Ерусалим со светилки+ и ќе ги казнам луѓето кои се како вино што лежи на својот талог+ и велат во своето срце: ‚Јехова нема да направи ни добро ни лошо‘.+ 13 Нивното богатство ќе биде опљачкано и нивните куќи ќе бидат опустошени.+ Тие ќе градат куќи, но нема да живеат во нив,+ ќе садат лозја, но нема да го пијат нивното вино.+
14 Близу е+ големиот ден+ на Јехова. Близу е и доаѓа многу брзо.+ Горчлив е гласот на денот на Јехова.+ Тогаш ќе вика јунакот.+ 15 Тој ден е ден на гнев, ден на неволја и мака,+ ден на бура и пустошење, ден на темнина и мрак,+ ден на облаци и густа темнина, 16 ден кога ќе се огласи рогот и ќе се чуе воен вик+ против утврдените градови и против високите аголни кули.+ 17 И ќе пуштам неволја врз луѓето, па ќе одат како слепци,+ зашто му згрешија на Јехова.+ И нивната крв ќе се пролее како прашина,+ и нивната утроба како ѓубре.+ 18 Ни нивното сребро ни нивното злато не ќе може да ги избави во денот на Јеховиниот гнев.+ Огнот на неговата ревност ќе ја проголта целата земја,+ зашто тој со страшно истребување ќе ги истреби сите што живеат на земјата.“+