Изреки
28 Злите бегаат и кога никој не ги гони,+ а праведниците се чувствуваат сигурно како млад лав.+
2 Поради престапите во земјата, нејзините кнезови често се менуваат,+ но со помош на разборит човек, кој знае што е исправно, кнезот ќе остане долго време.+
3 Сиромашен човек кој ги мами+ сиромасите е како дожд што однесува сѐ и остава без храна.
4 Оние што го оставаат законот, го фалат злобниот,+ а оние што се држат за законот, се гневат на нив.+
5 Луѓето што се склони кон зло, не ја разбираат правдата, а оние што го бараат Јехова разбираат сѐ.+
6 Подобар е сиромавиот што живее* непорочно* отколку оној што е расипан на патиштата свои, макар и да е богат.+
7 Разумниот* син се држи за законот,+ а кој се дружи со изедници, го срамоти татка си.+
8 Кој го умножува богатството така што дава на заем заради камата+ и заработка, го собира за оној што е милостив кон бедните.+
9 Кој го одвраќа увото за да не го слуша законот,+ и молитвата негова е одвратна.+
10 Кој ги заведува справедливите на зол пат,+ самиот ќе падне во својата јама,+ а непорочните* ќе го наследат она што е добро.+
11 Богатиот човек за себе мисли дека е мудар,+ но сиромавиот што е разборит ќе го проѕре.+
12 Убаво е кога се радуваат праведниците,+ а кога се издигаат злите, човек мора да се преправа.+
13 Кој ги крие престапите свои, ќе нема успех,+ а оној што ги признава и ги остава, ќе биде помилуван.+
14 Среќен е човекот што секогаш чувствува страхопочит,+ а оној што го стврднува срцето свое, запаѓа во неволја.+
15 Како што е лавот што рика и мечката што напаѓа, таков е злиот владетел над беден народ.+
16 Водачот кој нема вистинска разборитост, честопати мами,+ а кој ја мрази неправедната добивка,+ ќе ги продолжи своите денови.
17 Човек кој го носи товарот на вина за крв за некоја душа, ќе бега до гроб+ — никој нека не го задржува.
18 Кој живее* чесно,* ќе биде спасен,+ а кој е расипан на своите патишта, одеднаш ќе падне.+
19 Кој си ја обработува земјата, ќе се насити со леб,+ а кој трча по безвредни работи, ќе се насити со сиромаштија.+
20 Верниот човек добива многу благослови,+ а оној што брза да се збогати, не останува невин.+
21 Не чини да се биде пристрасен,+ а не чини и човек да прави престап за парче леб.
22 Човекот со завидливо око брза по богатство,+ а не знае дека ќе го снајде немаштија.
23 Кој укорува човек,+ потоа стекнува поголема наклоност отколку оној што ласка со јазикот.
24 Кој ги краде татка си и мајка си+ и вели: „Тоа не е грев“,+ другар му е на човекот што донесува пропаст.
25 Кој е вообразен во душата, предизвикува караница,+ а кој се надева на Јехова, ќе се насити.+
26 Кој има доверба во своето срце, безумен е,+ а кој постапува* мудро, ќе се избави.+
27 Кој му дава на сиромавиот, нема да биде во немаштија,+ а кој ги затвора очите, ќе биде опсипан со клетви.+
28 Кога се издигаат злите, човек се крие,+ а кога пропаѓаат, се множат праведниците.+