Изреки
13 Мудар е синот кого таткото го опоменува,*+ а потсмевач е оној што не слуша кога го укоруваат.+
2 Од плодот на својата уста човекот го јаде она што е добро,+ а душата на оние што постапуваат неверно е полна со насилство.+
3 Кој си ја чува устата, си ја чува душата.+ Кој зборува непромислено,* пропаѓа.+
4 Мрзливецот е полн со желби, но неговата душа нема ништо,+ а душата на трудољубивите ќе се насити.+
5 Праведникот го мрази лажливиот збор,+ а злите прават срамни дела и си навлекуваат срам.+
6 Праведноста го чува оној што е незлоблив* на својот пат,+ а злобата го соборува грешникот.+
7 Некој се прави богат, а нема ништо;+ некој се прави сиромашен, а има голем имот.
8 Богатството на човекот му е откуп за неговата душа,+ а сиромашниот не слуша остри зборови.+
9 Светлината на праведните весело сјае,+ а светилката на злите ќе се угасне.+
10 Вообразеноста само предизвикува караници,+ а мудри се оние што меѓусебно се советуваат.+
11 Нагло стекнатото богатство исчезнува,+ а кој собира со раката, го умножува имотот.+
12 Од предолго исчекување се разболува срцето,+ а исполнетата желба е дрво на животот.+
13 Кој го презира зборот,+ нему му се одзема она што го дал во залог, а кој има страхопочит кон заповедта, добива награда.+
14 Поуката* на мудриот е извор на животот,+ избавува од замките на смртта.+
15 Големата разборитост* донесува наклоност од другите,+ а патот на оние што постапуваат неверно е нерамен.+
16 Со делата на паметниот човек управува знаењето,+ а безумникот шири глупост.+
17 Злиот гласник упаѓа во зло,+ а верниот пратеник донесува излекување.+
18 Кој не се грижи за опомените,* го стигнува сиромаштија и срам,+ а кој прифаќа укор, заслужува чест.+
19 Исполнетата желба е пријатна за душата,+ а на безумните им е одвратно да се тргнат од злото.+
20 Кој оди со мудрите, ќе стане мудар,+ а кој си има работа со безумни, лошо ќе си помине.+
21 Неволјата ги прогонува грешниците,+ а доброто им е награда на праведниците.+
22 Добриот човек им остава наследство на своите синови, а богатството на грешникот се чува за праведникот.+
23 Изораната нива на сиромавиот дава изобилство храна,+ а некој пропаѓа зашто нема правда.+
24 Кој ја штеди прачката, го мрази својот син,+ а кој го сака, грижливо го опоменува.*+
25 Праведникот јаде додека да си ја насити душата,+ а стомакот на злите останува празен.+