1. Коринќаните
13 Да зборувам и човечки и ангелски јазици,+ а да немам љубов, тогаш би бил бакар што ечи или чинела+ што ѕвечи. 2 Да имам дар за пророкување+ и да ги знам сите свети тајни+ и да го имам сето знаење+ и сета вера, така што и планини да преместувам,+ а љубов немам, ништо не сум.+ 3 И да го раздадам сиот свој имот за да ги нахранам другите+ и да ѝ го предадам на смртта своето тело,+ за да се фалам, а љубов немам,+ ништо не ми користи.
4 Љубовта*+ е долготрпелива+ и љубезна.+ Љубовта не е завидлива,*+ не се фали,+ не се возвишува,+ 5 не се однесува непристојно,+ не ја бара својата корист,+ не се раздразнува,+ не го памти злото.+ 6 Не ѝ се радува на неправдата,+ а ѝ се радува на вистината.+ 7 Сѐ поднесува,+ сѐ верува,+ на сѐ се надева,+ сѐ трпи.+
8 Љубовта никогаш не престанува.*+ А даровите на пророкување ќе исчезнат, јазиците ќе престанат, знаењето ќе го снема.+ 9 Зашто, нашето знаење е делумно+ и нашето пророкување е делумно.+ 10 А кога ќе дојде она што е потполно,+ ќе го снема она што е делумно. 11 Кога бев дете, зборував како дете, размислував како дете, расудував како дете. А кога станав маж,+ го отфрлив детинското. 12 Зашто, сега гледаме одраз во огледало кое не дава јасна слика,*+ а тогаш ќе гледаме лице в лице.+ Сега моето знаење е делумно, а тогаш моето знаење ќе биде потполно,* како што е потполно Божјето знаење за мене.+ 13 А сега остануваат овие три: верата, надежта и љубовта. Но најголема од нив е љубовта.+