Филипјаните
2 Затоа, ако имате некакво охрабрување во Христос,+ ако имате некаква утеха поттикната од љубов, ако имате некакво единство во духот,+ ако имате некакви нежни чувства+ и сомилост, 2 надополнете ја мојата радост со ова: бидете сложни во размислувањето+ и имајте ја истата љубов, бидете еднодушни, еднакво размислувајте,+ 3 не правете ништо од честољубие,+ ниту од суета,+ туку од понизност сметајте ги другите за поголеми од себе+ 4 и не грижете се само за себе+ туку и за другите.+
5 Размислувајте така како што размислуваше и Христос Исус,+ 6 кој, иако беше во Божји облик,+ не помислуваше да се граба — да биде еднаков со Бог.+ 7 Напротив, се одрече од самиот себе и зеде облик на роб+ и стана сличен на луѓето.+ 8 Освен тоа, кога по облик стана човек,+ се понизи и стана послушен сѐ до смртта,+ и тоа смрт на маченички столб.*+ 9 Токму затоа Бог го возвиши+ и му подари име кое е над секое друго име,+ 10 за во Исусово име да се свитка секое колено на оние што се на небото и на оние што се на земјата и на оние што се под земјата,+ 11 и секој јазик јавно да го признае+ Исус Христос за Господар,*+ на слава на Бог, Таткото.+
12 Затоа, сакани мои, како што секогаш бевте послушни+ — не само кога сум со вас* туку уште повеќе сега кога не сум со вас — работете на своето спасение со страв+ и трепет. 13 Зашто Бог, бидејќи го сака тоа, дејствува во вас+ и за да сакате и за да постапувате.+ 14 Правете сѐ без негодување+ и препирање,+ 15 за да бидете беспрекорни+ и недолжни, Божји деца,+ неизвалкани среде еден расипан и изопачен род+ во кој како светлоносци светите во светот,+ 16 цврсто држејќи се за речта на животот,+ за да можам во Христовиот ден+ да се радувам што не сум трчал залудно, ниту сум се трудел залудно.+ 17 Но, дури и да се излевам како жртва налевница+ врз вашата жртва+ и врз службата што ја вршите поттикнати од верата,+ се веселам и се радувам+ со сите вас. 18 А исто и вие веселете се и радувајте се со мене.+
19 Се надевам дека, ако му биде по волја на Господарот Исус, наскоро ќе ви го испратам Тимотеј, за да ми се развесели душата+ кога ќе дознаам како сте. 20 Зашто, немам никој друг како него, кој вистински би се грижел+ за вашата благосостојба. 21 Зашто, сите други се грижат само за себе,+ а не за она што му припаѓа на Христос Исус. 22 Но вие знаете како каков се докажа тој, дека, како дете+ со татко, робуваше со мене во ширењето на добрата вест. 23 Значи, се надевам дека него ќе го испратам штом ќе видам што ќе биде со мене. 24 А уверен сум дека, ако биде волјата на Господарот, и самиот наскоро ќе дојдам.+
25 Но сметам дека е потребно да ви го испратам Епафродит,+ својот брат и соработник+ и соборец,+ кого го испративте да ми служи во моите потреби, 26 зашто копнее да ве види сите вас и потиштен е што сте чуле дека се разболел. 27 Навистина, се разболе речиси до смрт, но Бог му се смилува,+ и не само нему туку и мене, за да не ми дојде жал врз жал. 28 Затоа ќе го испратам што поскоро, за повторно да се израдувате кога ќе го видите, а јас да бидам помалку жалосен. 29 Затоа пречекајте го со сета радост+ како што ги пречекувате сите што се во единство со Господарот. Почитувајте ги таквите како него,+ 30 бидејќи, поради делото на Господарот, тој беше сосема близу до смртта, изложувајќи го својот живот* на опасност,+ за да го надомести тоа што вие не сте тука за да ми послужите.+