Естира
7 Потоа царот и Аман+ дојдоа на гозба кај царицата Естира. 2 На вториот ден, додека се пиеше вино+ на гозбата, царот ѝ рече на Естира: „Каква молба имаш,+ царице Естира? Нека ти биде исполнета!+ И што бараш? Ако е тоа и половина од царството,+ ќе го добиеш!“ 3 Тогаш царицата Естира одговори и рече: „Ако сум нашла милост во твои очи, царе, и ако му е по волја на царот, нека ми бидат подарени мојот живот*+ по моја желба и мојот народ+ на моја молба. 4 Зашто, јас и мојот народ сме продадени+ за да бидеме истребени, убиени и сотрени.+ Да бевме продадени како обични робови+ и робинки, ќе молчев. Но, не е прифатливо неволјата да биде на штета на царот“.
5 Тогаш цар Ахасвер ѝ го пресече зборот на царицата Естира и рече: „Кој е тој,+ и каде е тој што се осмелил+ да направи такво нешто?“ 6 А Естира рече: „Тој противник+ и непријател+ е овој злобен Аман!“
А Аман се уплаши+ од царот и од царицата. 7 Тогаш царот во својот гнев+ стана од гозбата и излезе во градината на палатата. А Аман стана за да ја моли царицата Естира за својот живот,*+ зашто виде дека царот му готви зло.+ 8 Кога царот се врати од градината на палатата во куќата каде што се пиеше вино,+ Аман беше легнат на софата+ на која беше Естира. „Зарем уште и царицата ќе биде силувана додека сум јас во куќата?“ — извика царот. Штом излезе тој збор од устата на царот,+ му го покрија лицето на Аман. 9 А Арвона,+ еден од дворјаните+ што стоеја во служба на царот, рече: „Ене, во куќата на Аман стои столбот+ — висок педесет лакти* — што Аман го направи за Мардохеј, кој зборуваше добро за царот“.+ Тогаш царот заповеда: „Обесете го на него!“+ 10 Така го обесија Аман на столбот+ што го беше подготвил за Мардохеј,+ и гневот на царот стивна.