ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Изреки 13
  • Свето писмо — превод Нов свет

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

Изреки — краток преглед

    • ИЗРЕКИ НА СОЛОМОН (10:1–24:34)

        • Оние што бараат совет се мудри (10)

        • Од предолго исчекување се разболува срцето (12)

        • Верниот гласник донесува освежување (17)

        • Кој се дружи со мудрите, ќе стане мудар (20)

        • Опомените — израз на љубов (24)

Изреки 13:1

Фусноти

  • *

    Види го поимот „поука“ во Речникот.

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Стражарска кула,

    15/9/2003, стр. 21-22

Изреки 13:2

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Стражарска кула,

    15/9/2003, стр. 22

Изреки 13:3

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Стражарска кула,

    15/9/2003, стр. 22

Изреки 13:4

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Стражарска кула,

    15/9/2006, стр. 19

    15/9/2003, стр. 22-23

Изреки 13:5

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Стражарска кула,

    15/9/2003, стр. 23

Изреки 13:6

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Стражарска кула,

    15/9/2003, стр. 23

Изреки 13:7

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Стражарска кула,

    15/9/2003, стр. 23

Изреки 13:8

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Разбудете се!,

    2/2015, стр. 9

    Стражарска кула,

    15/9/2003, стр. 24

Изреки 13:9

Фусноти

  • *

    Или: „е како разигран пламен“.

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Стражарска кула,

    15/9/2003, стр. 24

Изреки 13:10

Фусноти

  • *

    Или: „меѓусебно се советуваат“.

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Стражарска кула,

    15/9/2003, стр. 24

Изреки 13:11

Фусноти

  • *

    Можно е да станува збор за богатство стекнато на нечесен начин.

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Стражарска кула,

    15/9/2003, стр. 25

Изреки 13:12

Фусноти

  • *

    Или: „од надеж која долго време не се исполнува“.

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Стражарска кула,

    15/1/2011, стр. 31

    15/9/2003, стр. 25

    1/9/2000, стр. 16

Изреки 13:13

Фусноти

  • *

    Или: „одредбите“.

Изреки 13:14

Фусноти

  • *

    Буквално: „Законот“.

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Стражарска кула,

    15/9/2003, стр. 21

Изреки 13:15

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Стражарска кула,

    15/7/2004, стр. 27-28

Изреки 13:16

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Стражарска кула,

    15/7/2004, стр. 28

Изреки 13:17

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Стражарска кула,

    15/7/2004, стр. 28-29

Изреки 13:18

Фусноти

  • *

    Види го поимот „поука“ во Речникот.

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Стражарска кула,

    15/7/2004, стр. 29-30

Изреки 13:19

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Стражарска кула,

    15/7/2004, стр. 30

Изреки 13:20

Фусноти

  • *

    Буквално: „оди“.

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Радувај му се на животот засекогаш — Книга, лекција 48

    Како да ја зачуваш Божјата љубов, стр. 31-32

    Божјата љубов, стр. 25

    Стражарска кула,

    15/7/2012, стр. 15

    1/9/2010, стр. 5

    15/8/2009, стр. 20-21

    15/7/2004, стр. 30

    Разбудете се!,

    10/2006, стр. 7

    8/7/2003, стр. 12

    Реч Божја, стр. 164

Изреки 13:21

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Стражарска кула,

    15/7/2004, стр. 30

Изреки 13:22

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Стражарска кула,

    15/7/2004, стр. 30-31

    15/8/1997, стр. 19

Изреки 13:23

Фусноти

  • *

    Или: „тој може“.

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Стражарска кула,

    15/7/2004, стр. 31

Изреки 13:24

Фусноти

  • *

    Или: „не го казнува“.

    Буквално: „Кој ја штеди прачката“.

  • *

    Друго можно значење: „навреме“.

  • *

    Види го поимот „поука“ во Речникот.

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Стражарска кула,

    1/4/2008, стр. 14

    1/9/2007, стр. 23

    15/7/2004, стр. 31

Изреки 13:25

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Стражарска кула,

    15/7/2004, стр. 31

Паралелни преводи

Кликни на бројката пред стихот за да ти покаже паралелни стихови
  • Свето писмо — превод Нов свет
  • Читај во Превод Нов свет (bi12)
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
  • 12
  • 13
  • 14
  • 15
  • 16
  • 17
  • 18
  • 19
  • 20
  • 21
  • 22
  • 23
  • 24
  • 25
Свето писмо — превод Нов свет
Изреки 13:1-25

Изреки

13 Мудриот син ги прима поуките* на својот татко,

а оној што се потсмева не прифаќа укор.

 2 Човекот ќе ужива во доброто од плодовите на своите зборови,

а измамникот копнее по насилство.

 3 Кој внимава што зборува, си го чува животот,

а кој уста не затвора, ќе настрада.

 4 Мрзливиот има многу желби, но останува со празни раце,

а желбите на трудољубивиот ќе се исполнат.

 5 Праведниот ја мрази лагата,

а постапките на злобниот носат срам и понижување.

 6 Праведноста ги чува беспрекорните,

а злобата ги упропастува грешниците.

 7 Некој се прави богат, а нема ништо;

некој се прави сиромашен, а има големо богатство.

 8 Богатиот со своето богатство плаќа откупнина за својот живот,

а на сиромашниот никој не му се ни заканува.

 9 Светлината на праведните силно блеска,*

а светилката на злите ќе угасне.

10 Вообразеноста води само до расправии,

а оние што бараат совет* се мудри.

11 Брзо стекнатото богатство* ќе исчезне,

а богатството на оној што малку по малку собира ќе се зголеми.

12 Од предолго исчекување* се разболува срцето,

а исполнетата желба е дрво на животот.

13 Кој ги презира советите,* ќе плати за тоа,

а кој ги почитува заповедите, ќе биде награден.

14 Поуките* на мудриот се извор на живот,

избавуваат од замките на смртта.

15 Оној што добро расудува стекнува наклоност,

а животот на измамниците е тежок.

16 Разумниот човек постапува промислено,

а глупавиот ја разоткрива својата глупавост.

17 Злобниот гласник запаѓа во неволји,

а верниот гласник донесува освежување.

18 Кој ги игнорира поуките,* ќе осиромаши и ќе си навлече срам,

а кој прифаќа укор, ќе му биде укажана чест.

19 Исполнетата желба го радува човекот,

а безумните не сакаат да се одвратат од злото.

20 Кој се дружи* со мудрите, ќе стане мудар,

а кој е пријател со безумници, лошо ќе си помине.

21 Грешниците ги прогонува неволја,

а праведните ќе бидат богато наградени.

22 Добриот човек им остава наследство и на внуците,

а богатството на грешникот се чува за праведниот.

23 Изораната нива на сиромашниот дава богат род,

но може* да пропадне поради неправда.

24 Кој не го укорува* својот син, го мрази,

а кој го сака, грижливо* го опоменува.*

25 Праведниот јаде и се наситува,

а стомакот на злобниот останува празен.

Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели