2 Зошто народите се во безредие+
и племињата размислуваат за празни работи?+
2 Царевите на земјата се креваат+
и владетелите како еден стануваат+
против Јехова+ и против неговиот помазаник,+
3 па велат: „Да ги раскинеме нивните окови+
и да ги отфрлиме од себе нивните јажиња!“+
4 Оној што седи на небесата+ ќе се смее,
Јехова лично ќе им се подбива.+
5 Тогаш со гнев ќе им се обрати+
и со жестоко негодување ќе ги збрка,+
6 велејќи: „Јас го поставив својот цар+
на Сион,+ мојата света гора“.+
7 Ќе ја кажам Јеховината одредба,
тој ми рече: „Ти си мој син,+
јас денес ти станав татко.+
8 Побарај од мене+ и ќе ти ги дадам народите во наследство+
и краиштата на земјата во твоја сопственост.+
9 Ќе ги скршиш со железен жезол,+
како грнчарски сад ќе ги сотреш“.+
10 Затоа, цареви, постапете разборито!
Прифатете го укорот, вие судии на земјата!+
11 Служете му на Јехова со страв+
и радувајте се со трепет!+
12 Поздравете го синот+ за Бог да не се разгневи
и пропаста да не ве тргне од патот,+
зашто Божјата лутина лесно пламнува.+
Среќни се сите на кои Бог им е засолниште.+