ЧЕТВРТА КНИГА
(Псалми 90 — 106)
Молитва на Мојсеј, човекот Божји.+
90 Јехова, ти си нашето живеалиште+
од поколение во поколение.+
2 Пред да се родат планините,+
пред да ги создадеш земјата+ и копното,+
од век до век, ти си Бог!+
3 Смртниот човек го враќаш во прав+
и велиш: „Вратете се таму, синови човечки!“+
4 Зашто, илјада години се во твои очи како вчерашен ден кога ќе помине+
и како ноќна стража.+
5 Ти ги однесуваш,+ тие се како сон,+
наутро се како зелена трева што никнува+ —
6 наутро цвета и никнува,+
навечер венее и се суши.+
7 Зашто, ние исчезнуваме од твојот гнев,+
збркани сме од твојата јарост.+
8 Нашите престапи ги стави пред себе,+
нашите скриени гревови пред своето светло лице.+
9 Зашто, поради твојот гнев, сите наши денови се приближија кон својот крај,+
нашите години прелетаа како воздишка.+
10 Деновите наши траат седумдесет години,+
а кај силните — осумдесет,+
но исполнети се само со неволји и тешкотии,+
зашто брзо поминуваат, и ние одлетуваме.+
11 Кој ја познава силата на твојата лутина+
и твојот гнев за да има доволно страв од тебе?+
12 Научи нѐ како да ги броиме нашите денови+
за да стекнеме мудро срце!+
13 Врати се, Јехова!+ До кога ќе биде вака?+
Сожали се на своите слуги!+
14 Насити нѐ наутро со својата милост+
за да извикуваме радосно и да се веселиме во сите свои денови!+
15 Зарадувај нѐ за сите оние денови во кои ни нанесуваше неволја,+
за сите оние години во кои гледавме зло!+
16 Твоето дело нека им се покаже на твоите слуги+
и твојата величественост — на нивните синови!+
17 Добротата на Јехова, нашиот Бог, нека биде врз нас.+
Дај му успех на делото на нашите раце,+
на делото на нашите раце дај му успех!+