Римјаните
9 Вистината ја зборувам+ во Христос, не лажам,+ зашто мојата совест сведочи со мене во согласност со светиот дух, 2 дека имам голема тага и непрестајна болка во срцето.+ 3 Зашто, би сакал јас лично да бидам проколнат и одвоен од Христос во корист на своите браќа,+ кои ми се роднини по тело.+ 4 Тие се Израелци+ и нив Бог ги посини+ и нивни се и славата,+ и сојузите,+ и Законот,+ и службата на Бог,*+ и ветувањата.+ 5 Нивни се и прататковците,+ и од нив потекна Христос по тело.+ Бог, кој е над сѐ,+ нека е благословен во сета вечност! Амин.
6 Но, тоа не значи дека Божјата реч затаила.+ Зашто, не се „Израел“ сите што потекнуваат од Израел.+ 7 И не се сите Авраамови деца само затоа што се негово потомство,+ туку како што пишува: „Она што ќе се нарече ‚твое потомство‘ ќе дојде преку Исак“.+ 8 Односно, децата добиени по тело+ не се истовремено и Божји деца,+ туку децата добиени преку ветувањето+ се сметаат за потомство. 9 Зашто, ветувањето гласеше вака: „Ќе дојдам догодина во ова време и Сара ќе има син“.+ 10 Но ветувањето не беше дадено само тогаш туку и кога Ревека зачна близнаци+ од еден човек, од нашиот прататко Исак. 11 Всушност, уште додека не беа родени и немаа направено ниту добро ниту зло+ — за, во поглед на изборот, Божјата намера и понатаму да зависи од оној што повикува, а не од делата+ — 12 ѝ беше речено: „Постариот ќе му робува на помладиот“.+ 13 Како што е напишано: „Јаков го сакав, а Исав го замразив“.+
14 Тогаш, што да речеме? Има ли кај Бог неправда?+ Никако! 15 Зашто, на Мојсеј му вели: „Ќе му се смилувам на оној на кого сакам да му се смилувам и ќе бидам милостив кон оној кон кого сакам да бидам милостив“.+ 16 Значи, тоа не зависи од оној што има желба, ниту од оној што се труди, туку од Бог,+ кој покажува милосрдие.+ 17 Зашто, за фараонот Писмото вели: „Те оставив жив за да ја покажам на тебе својата моќ и да се објави моето име по целата земја“.+ 18 Според тоа, кон некои покажува милосрдие, зашто така сака,+ а некои ги пушта да бидат тврдокорни, зашто така сака.+
19 Тогаш ќе ми речеш: „Зошто тогаш Бог ги обвинува луѓето? Па, кој може да ѝ се спротивстави на неговата волја?“+ 20 Човеку,+ кој си ти да му приговараш на Бог?+ Зарем делото ќе му рече на својот творец: „Зошто ме направи вакво?“+ 21 Зар грнчарот+ нема власт над глината да направи од истата глина еден сад за благородна употреба, а друг за неблагородна употреба?+ 22 Тогаш, ако Бог, иако сакаше да покаже гнев и да ја разгласи својата моќ, со многу долготрпеливост ги поднесуваше садовите на гневот, кои се подготвени за уништување,+ 23 за да го разгласи богатството+ на својата слава врз садовите+ на милосрдноста, кои однапред ги подготви за слава,+ 24 односно врз нас, кои нѐ повика не само од Евреите туку и од незнабошците?+ 25 Така вели и во Осија: „Оние што не се мој народ+ ќе ги викам ‚мој народ‘ и нељубената — ‚љубена‘.+ 26 И на местото каде што им беше речено: ‚Вие не сте мој народ‘, таму ќе бидат наречени ‚синови на живиот Бог‘ “.+
27 А Исаија извикува за Израел: „Да ги има Израеловите синови и колку морскиот песок,+ ќе се спаси само еден остаток.+ 28 Зашто, Јехова потполно и брзо ќе се пресмета со оние што живеат на земјата“.+ 29 И како што Исаија прорече: „Да не ни оставеше Јехова над војските+ потомство, ќе бевме како Содом, ќе бевме слични на Гомор“.+
30 Тогаш, што да кажеме? Дека незнабошците, иако не бараат праведност, постигнаа праведност,+ праведност која произлегува од вера.+ 31 А Израел, иако го бараше законот на праведноста, не успеа да ја постигне целта на тој закон.+ 32 Зошто? Затоа што не го бараше со вера, туку со дела.+ Се спрепнаа од „каменот за спрепнување“,+ 33 како што е напишано: „Гледај, поставувам на Сион камен+ за спрепнување и карпа за слизнување,+ но никој што верува во него нема да се разочара“.+