Изреки
11 Лажната вага му е одвратна на Јехова,+ а точниот тег му е пријатен.
2 Со вообразеноста доаѓа и срамот,+ а мудроста е кај скромните.+
3 Чесните ги води нивната непорочност,*+ а оние што постапуваат неверно ги упропастува нивната изопаченост.+
4 Богатството не помага во денот на гневот,+ а праведноста избавува од смртта.+
5 На непорочниот* неговата праведност му го израмнува патот,+ а злиот паѓа во својата сопствена злоба.+ 6 Справедливите ги избавува нивната праведност,+ а оние што постапуваат неверно се фаќаат во сопствениот копнеж.+
7 Кога ќе умре еден зол човек, му пропаѓа надежта,+ а пропаѓа и довербата во силата.+
8 Праведникот е избавен од неволја,+ а злиот запаѓа во неа наместо него.+
9 Отпадникот го упропастува ближниот со својата уста,+ а праведниците се избавуваат со знаење.+
10 Поради добротата на праведните, градот се весели,+ а кога ќе ги снема злите, се слушаат радосни извици.+
11 Со благословот од справедливите градот се издига,+ а со устата на злите се разорува.+
12 Неразумниот* го презира својот ближен,+ а вистински разборитиот човек молчи.+
13 Кој оди наоколу и клевети,+ открива тајни,+ а кој е верен,* ги чува.+
14 Кога нема мудро водство, народот пропаѓа,+ а спасот е во многу советници.+
15 Кој гарантира за туѓинец,+ лошо ќе помине, а кој мрази да даде рака како гарант, без грижа е.
16 Жена со убави особини стекнува слава,+ а насилниците стекнуваат богатство.
17 Добродушниот човек* ѝ прави добро на својата душа,+ а суровиот човек му прави лошо на своето тело.+
18 Злиот човек добива измамлива плата,+ а кој сее праведност, има вистинска заработка.+
19 Кој се држи цврсто за праведноста, оди во живот,+ а кој трча по зло, оди во смрт.+
20 Луѓето со расипано срце му се одвратни на Јехова,+ а оние што се непорочни* на својот пат му донесуваат радост.+
21 Иако едната рака ѝ помага на другата рака, злиот нема да помине неказнето,+ а потомството на праведните ќе се избави.+
22 Она што е златен прстен на рилка на свиња, тоа е жена убава, а неразумна.+
23 Желбата на праведните донесува само добро,+ а злите можат да се надеваат само на жесток гнев.+
24 Некој обилно дели, и има сѐ повеќе;+ друг го скратува она што би требало да го даде, и секогаш е во немаштија.+
25 Душата која великодушно дава, и самата ќе биде добро нахранета,+ и кој обилно ги напојува другите, и самиот ќе биде обилно напоен.+
26 Кој не дава жито, проколнат е од народот, а благословот е над главата на оној што го продава.+
27 Кој се труди да прави добро, настојува да ја стекне наклоноста на другите,+ а кој бара зло, тоа и ќе го снајде.+
28 Кој се надева на своето богатство, пропаѓа,+ а праведниците успеваат како зелени лисја.+
29 Кој го доведува својот дом на лош глас,+ наследува ветар,+ и безумникот му станува слуга на оној што има мудро срце.
30 Плодот на праведникот е дрво на животот,+ и кој придобива души, мудар е.+
31 Гледај, праведникот на земјата добива плата!+ Колку ли ќе добијат злиот човек и грешникот!+