Евреите
3 Затоа, свети браќа, учесници во небесниот позив,+ набљудувајте го оној кого го признаваме за апостол+ и првосвештеник+ — Исус. 2 Тој му беше верен+ на Бог, кој го постави во таа служба, како што беше и Мојсеј+ во целата Божја куќа.+ 3 Зашто, Исус е достоен за поголема слава+ од Мојсеј, како што оној+ што ја изградил куќата има поголема чест отколку самата куќа.+ 4 Зашто, секоја куќа некој ја изградил, а Бог е оној што изградил сѐ.+ 5 И Мојсеј како слуга+ беше верен во целата негова куќа, што беше сведоштво за она што требаше да се објави подоцна,+ 6 а Христос беше верен како Син+ поставен над неговата куќа. Ние сме неговата куќа,+ ако до крај ги зачуваме својата слобода на говорот и гордоста поради надежта што ја имаме.+
7 Затоа, како што вели светиот дух:+ „Ако го послушате денес неговиот глас,+ 8 немојте да ги стврднувате срцата како тогаш кога вашите прататковци го предизвикаа мојот гнев,*+ како во денот на искушувањето+ во пустината,+ 9 каде што ме искушуваа со искушение, а ги гледаа моите дела+ четириесет години.+ 10 Затоа почна да ми се гади од тоа поколение, па реков: ‚Секогаш лутаат во своите срца+ и не ги познаваат моите патишта‘.+ 11 Затоа се заколнав во својот гнев: ‚Нема да влезат+ во мојата починка‘ “.+
12 Браќа, чувајте се некој од вас да не отстапи од живиот Бог, та во него да се развие злобно срце во кое нема вера.+ 13 Напротив, опоменувајте се еден со друг+ секој ден, сѐ додека уште трае тоа „денес“,+ за некој од вас да не отрпне поради измамливоста+ на гревот. 14 Зашто, уделот во Христос ќе го имаме+ само ако довербата што ја имавме во почетокот ја зачуваме до крајот,+ 15 сѐ додека се вели: „Ако го послушате денес неговиот глас,+ немојте да ги стврднувате срцата како тогаш кога вашите прататковци го предизвикаа мојот гнев“.+
16 Зашто, кои луѓе беа тие што чуја, а сепак го предизвикаа Божјиот гнев?+ Не беа ли тоа сите оние што под водството на Мојсеј излегоа од Египет?+ 17 А од кого Бог се гадеше четириесет години?+ Зарем не од оние што згрешија, чии мртви тела паднаа во пустината?+ 18 А кому му се заколна+ дека нема да влезат во неговата починка, ако не на оние што беа непослушни?+ 19 Така гледаме дека не можеа да влезат затоа што немаа вера.+