Евреите
4 Затоа, бидејќи останува ветувањето за влегување во неговата починка,+ внимавајте* некогаш да не се утврди за некој од вас дека во тоа не успеал.+ 2 Зашто, нам ни е објавена добрата вест+ како и ним,+ но речта што ја слушнаа не им користеше,+ бидејќи не беа со вера обединети+ со оние што послушаа.+ 3 А ние кои веруваме, влегуваме во починката, зашто рекол: „Така се заколнав+ во својот гнев: ‚Нема да влезат+ во мојата починка‘ “,+ иако неговите дела се довршени+ од настанувањето на светот.+ 4 Зашто, на едно место вака рекол за седмиот ден: „И на седмиот ден Бог си отпочина од сите свои дела“,+ 5 а овде повторно вели: „Нема да влезат во мојата починка“.+
6 Значи, бидејќи некои допрва треба да влезат во неа, а оние на кои добрата вест најпрво им беше објавена,+ не влегоа поради непослушност,+ 7 тој повторно одредува еден ден: „денес“, зборувајќи за тоа по толку време во Давидовиот псалм, како што е веќе кажано: „Ако го послушате денес неговиот глас,+ немојте да ги стврднувате срцата“.+ 8 Зашто, да ги беше довел Исус Навин+ во починката,+ Бог не би зборувал+ потоа за некој друг ден. 9 Значи, на Божјиот народ му останува саботната* починка.+ 10 Оти, оној што влегува во Божјата починка,+ и самиот си отпочинал од своите дела,+ како и Бог од своите.
11 Затоа, да дадеме сѐ од себе за да влеземе во таа починка, за да не падне некој по примерот на истата непослушност.+ 12 Зашто, речта Божја+ е жива+ и делотворна,+ поостра е од секој меч со две сечила+ и продира дури дотаму што ги разделува душата+ и духот,+ коските* и нивната срцевина, па може да ги процени мислите и намерите на срцето.+ 13 И нема создание кое е скриено пред неговиот поглед,+ туку сѐ е голо и откриено пред очите на оној кому ние мораме да му поднесеме сметка.+
14 Затоа, бидејќи имаме возвишен првосвештеник кој отишол на небото,+ Исус, Синот Божји,+ да се држиме за верата во него, која ја исповедаме.+ 15 Зашто, нашиот првосвештеник не е некој што не може да сочувствува+ со нас во нашите слабости, туку таков кој во сѐ е испитан како и ние, но не згрешил.+ 16 Затоа, да пристапиме+ со слобода на говорот+ кон престолот на незаслужената доброта, за Бог да ни покаже милосрдие и да ни покаже незаслужена доброта кога ќе ни треба помош.+