Јаков
5 Слушајте сега, вие богати,+ плачете и лелекајте поради маките што доаѓаат врз вас!+ 2 Вашето богатство изгни и молци ви ја изгризаа облеката.+ 3 Вашето злато и сребро ’рѓосаа и нивната ’рѓа ќе биде сведоштво против вас и ќе ви ги изеде телата. Како оган+ е тоа што сте го насобрале+ во последните денови.+ 4 Еве, вика платата+ што им ја скративте на работниците,+ кои ги ожнеаја вашите ниви. Повиците за помош+ од жетварите допреа до ушите+ на Јехова над војските. 5 Живеете во раскош на земјата и се препуштивте на задоволствата.+ Ги згоивте срцата свои за денот на колење.+ 6 Го осудивте и го убивте праведникот. Зарем тој не ви се спротивставува?+
7 Затоа, браќа, бидете стрпливи+ до времето на присутноста* на Господарот.* Ете, земјоделецот стрпливо го чека драгоцениот плод од земјата додека не ги добие раниот и доцниот дожд.+ 8 И вие бидете стрпливи+ и срцата нека ви се зацврстат, зашто се приближи времето на присутноста на Господарот.+
9 Не огорчувајте се еден од друг, браќа, за да не бидете осудени.+ Еве, Судијата стои пред вратата.+ 10 Браќа, како пример+ за поднесување зло+ и за стрпливост+ нека ви послужат пророците+ кои зборуваа во името на Јехова.+ 11 Ете, ги прогласуваме за среќни оние што истрајаа.+ Чувте за истрајноста на Јов+ и видовте до каков исход Јехова го доведе неговото искушение+ — видовте дека Јехова е полн со сочувство и милосрден.+
12 А пред сѐ, браќа мои, не заколнувајте се повеќе ниту во небото, ниту во земјата, ниту во што и да било друго.+ Туку кога ќе кажете: ‚Да‘, тоа нека значи ‚да‘, а кога ќе кажете: ‚Не‘, тоа нека значи ‚не‘, за да не бидете осудени.+
13 Страда ли некој меѓу вас? Нека се моли.+ Дали е некој весел? Нека пее псалми.*+ 14 Болен ли е некој меѓу вас?+ Нека ги повика старешините+ од собранието,* па тие нека се молат за него и нека го намачкаат со масло+ во името на Јехова. 15 И молитвата упатена со вера ќе го оздрави болниот,+ и Јехова ќе го подигне.+ И ако направил гревови, ќе му биде простено.+
16 Затоа, признавајте си ги гревовите+ еден на друг и молете се еден за друг, за да оздравите.+ Сесрдната молитва на праведникот има голема сила и може да направи многу добра.+ 17 Илија беше обичен човек како нас,*+ но кога сесрдно се помоли да не врне,+ не врнеше на земјата три години и шест месеци. 18 Потоа пак се помоли, и небото даде дожд и земјата го донесе својот род.+
19 Браќа мои, ако некој меѓу вас застрани од вистината, па некој го врати,+ 20 знајте дека оној што вратил грешник од неговиот крив пат,+ ќе ја спаси неговата душа од смрт+ и ќе покрие мноштво гревови.+