Псалми
На управителот. Давидова песна.
40 Сосема се надевав на Јехова,+
и тој го приклони увото свое кон мене и го слушна моето викање за помош.+
2 Ме извлече од јамата полна со вода што татни,+
ме извлече од наталожена кал.+
Тогаш ми ги постави на карпа нозете,+
ми ги зацврсти чекорите.+
3 И в уста ми стави песна нова,
фалба за нашиот Бог.+
Мнозина ќе го видат тоа и ќе се исплашат,+
и довербата во Јехова ќе ја положат.+
4 Среќен е човекот што ја полага довербата во Јехова+
и не гледа на луѓе дрски
ниту на оние што отпаѓаат и кон лаги се свртуваат.+
5 Ти направи многу дела чудесни,+
о Јехова, Боже мој, и многу работи за нас си намислил+ —
ти нема рамен.+
Кога би раскажувал и би зборувал за нив,
би ги имало повеќе отколку што би можел да ги набројам.+
9 Ја објавувам добрата вест за праведноста среде големото насобрано мноштво.+
Еве, не ги затворам усните.+
Јехова, ти добро го знаеш тоа.+
10 Твојата праведност не ја кријам во срцето.+
Ги објавувам твојата верност и твоето спасение.+
Не ја кријам твојата милост* и твојата вистинољубивост среде големото насобрано мноштво“.+
11 О Јехова, немој да ми ја скратиш својата сомилост!+
Твојата милост* и твојата вистинољубивост нека ме чуваат секогаш.+
12 Зашто, ме опкружија толку неволји што не може да се избројат.+
Ме стигнаа моите престапи, и бројот не можам да им го знам,+
побројни се отколку влакната на мојата глава,+
и моето срце снеможе.+
14 Нека се засрамат и нека се посрамат сите+
што ја бараат мојата душа за да ја погубат!+
Нека се повлечат и нека бидат понижени оние што се радуваат на мојата неволја!+