1. Коринќаните
4 Луѓето нека нѐ сметаат за Христови слуги+ и за управители+ на светите Божји тајни.+ 2 А од управителот+ се бара да биде верен.+ 3 А јас воопшто не се грижам за тоа каков суд би можеле да донесете за мене вие или некој човечки суд.+ Ниту јас не донесувам суд самиот за себе. 4 Имено, за ништо не чувствувам грижа на совеста.+ Но тоа не докажува дека сум праведен, туку Јехова е тој што суди за мене.+ 5 Затоа немојте да судите+ за ништо пред да дојде време за тоа, додека не дојде Господарот,*+ кој ќе го изнесе на виделина она што е скриено во темнина+ и ќе ги објави намерите на срцата.+ И тогаш секој ќе прими пофалба од Бог.+
6 А ова, браќа, го применив на себе и на Аполо+ поради вас, за да го научите ова од нашиот пример: „Не одете преку она што е напишано“,+ за никој од вас да не се гордее+ сметајќи дека еден човек е подобар од некој друг.+ 7 Зашто, кој ти дава предност+ тебе во однос на некој друг? И што е тоа што го имаш, а не си го примил?+ А ако си го примил,+ зошто се фалиш+ како да не си го примил?
8 Зарем веќе се наситивте? Зарем веќе се обогативте?+ Зарем без нас почнавте да царувате?+ Барем да почневте да царувате, па и ние да царувавме+ со вас. 9 Зашто, ми се чини дека Бог нѐ прикажал нас апостолите како последни,+ како осуденици на смрт,+ зашто станавме глетка*+ што ја гледа светот, и ангелите+ и луѓето.+ 10 Ние сме луди+ поради Христос, а вие сте разборити+ во Христос. Ние сме слаби,+ а вие сте јаки.+ Вие сте угледни,+ а ние презрени.+ 11 Сѐ до овој час гладуваме+ и жедуваме,+ и скудно сме облечени,*+ и грубо постапуваат со нас,+ и бездомници сме,+ 12 и макотрпно работиме+ со своите раце.+ Кога нѐ навредуваат, благословуваме.+ Кога нѐ прогонуваат, стрпливо поднесуваме.+ 13 Кога нѐ клеветат, одговараме љубезно.+ Станавме како ѓубре на светот, како сечиј отпад — сѐ досега.+
14 Не го пишувам ова за да ве посрамам, туку да ве опоменам како свои сакани деца.+ 15 Зашто, да имате и десет илјади воспитувачи+ во Христос, немате повеќе татковци.+ Имено, јас сум ви татко во Христос Исус преку добрата вест.+ 16 Затоа сесрдно ве молам, угледајте се на мене.*+ 17 Затоа ви го испраќам Тимотеј,+ зашто тој е мое сакано и верно дете+ во Господарот. Тој ќе ве потсети на начелата* за кои се држам додека му служам на Христос Исус+ и за кои поучувам насекаде во секое собрание.
18 Некои се возвишуваат+ како јас да нема да дојдам кај вас. 19 Но ќе дојдам кај вас наскоро, ако биде Јеховина волја,+ не за да дознаам што зборуваат тие што се возвишуваат, туку да дознаам каква е нивната сила. 20 Зашто, Божјето царство не е во зборовите, туку во силата.+ 21 Што сакате, да дојдам кај вас со стап+ или со љубов и со духот на благоста?+