Јов
2 И пак дојде денот што беше одреден за синовите* на Јехова, вистинскиот Бог, да застанат пред него. И Сатана* дојде меѓу нив да застане пред Јехова.+
2 Тогаш Јехова го праша Сатана: „Од каде доаѓаш?“ А Сатана му одговори на Јехова: „Минував низ земјата и ја обиколував“.+ 3 Јехова, пак, му рече на Сатана: „Дали го забележа мојот слуга Јов?+ На земјата нема таков како него — човек беспрекорен и праведен,+ кој се бои од Бога+ и го одбегнува злото.+ Уште е постојан во својата непорочност,*+ иако ти ме наведе да се нафрлам на него+ и да го упропастам без причина“.+ 4 Тогаш Сатана+ му одговори на Јехова: „Кожа за кожа! Човекот ќе даде сѐ што има за својата душа.+ 5 Туку, те молам, пружи ја раката и допри ги неговите коски и неговото месо, па види дали нема да те проколне в лице!“+
6 Тогаш Јехова му рече на Сатана: „Во твои раце е! Само не гибај му ја душата!“ 7 И Сатана замина од пред лицето на Јехова+ и го удри Јов со лути чиреви+ од табаните до темето. 8 А Јов беше зел цреп за да се струже со него и седеше во пепел.+
9 Тогаш неговата жена му рече: „Зарем уште си постојан во својата беспрекорност?+ Проколни го Бог и умри!“ 10 Но тој ѝ рече: „Зборуваш како што зборуваат безумните+ жени. Зарем од вистинскиот Бог да го примаме само доброто, а злото да не го примаме?“+ Во сето тоа Јов не згреши со своите усни.+
11 А тројца пријатели на Јов слушнаа за сето зло што го беше снашло, па тргнаа кај него, секој од своето место — Елифаз од Теман,+ Вилдад од Суј+ и Софар од Наама.+ И така, според договорот, се состанаа+ за да го посетат, да жалат со него и да го утешат.+ 12 А кога ги подигнаа очите оддалеку, не го препознаа веднаш. Потоа заплакаа колку што ги држеше гласот, па секој ја раскина својата наметка+ и фрлаше прав кон небото, врз својата глава.+ 13 И седеа+ покрај него на земјата седум дена и седум ноќи, и ниту еден не му рече ни збор, зашто видоа дека неговата болка+ беше мошне голема.