1. Царевите
4 Цар Соломон царуваше над целиот Израел.+ 2 А ова се неговите кнезови:+ свештеникот Азарија, син на Садок;+ 3 писарите+ Елиореф и Ахија, синови на Сиса; летописецот Јосафат,+ син на Ахилуд. 4 Венај,+ синот на Јодај, заповедаше со војската,+ а Садок и Авијатар+ беа свештеници. 5 Азарија, синот на Натан,+ беше над намесниците, а Завут, синот на Натан, беше свештеник и пријател+ на царот; 6 Ахишар беше управител на дворецот, а Адонирам,+ синот на Авда, ги надгледуваше оние што беа одредени за работа.+
7 Соломон имаше дванаесет намесници над целиот Израел, и тие набавуваа храна за царот и за неговиот дворец. Секој беше задолжен да набавува храна по еден месец во годината.+ 8 Ова се нивните имиња: синот на Ор во ефремските планини;+ 9 синот на Декер во Макас, во Салвим,+ во Вет-Семес+ и во Елон-Вет-Ханан; 10 синот на Есед во Арувот (ги имаше Сохо и целото подрачје на Офер);+ 11 синот на Авинадав во планините кај Дор+ (жена му беше Тафат, ќерката на Соломон); 12 Вана, синот на Ахилуд, во Танах,+ во Мегидо+ и во целиот Вет-Син,+ кој е покрај Сартан+ подолу од Језраел,+ од Вет-Син до Авел-Мехол+ и до јокмеамскиот+ крај; 13 синот на Гевер во Рамот-Галад+ (ги имаше селата во кои се живееше под шатори, кои ги освои Јаир,+ синот на Манасија, и се наоѓаат во Галад,+ а го имаше и арговскиот крај+ што е во Васан:+ шеесет големи градови кои беа опашани со ѕидови и имаа бакарни резиња на портите); 14 Ахинадав, синот на Идо, во Маханаим;+ 15 Ахимас во Нефталим+ (и тој зеде за жена една од ќерките на Соломон, Васемата);+ 16 Вана, синот на Хусај, во Асер+ и во Валот; 17 Јосафат, синот на Фаруа, во Исахар;+ 18 Симеј,+ синот на Ела, во Венијамин;+ 19 Гевер, синот на Уриј, во земјата Галад,+ земјата на Сихон,+ аморејскиот цар,+ и на Ог,+ васанскиот цар.+ А еден намесник беше над сите други намесници во земјата.
20 Луѓето во Јуда и во Израел беа многубројни како што е многуброен песокот на морскиот брег.+ Тие јадеа, пиеја и се веселеа.+
21 А Соломон владееше над сите царства од Реката*+ до филистејската земја и до египетската граница. И тие царства му донесуваа дарови и му служеа на Соломон во сите денови од неговиот живот.+
22 Секој ден на Соломон му беа потребни за храна по триесет кора*+ фино брашно и по шеесет кора обично брашно, 23 по десет згоени говеда, по дваесет говеда од пасиште и по сто грла ситна стока, а освен тоа и елени,+ газели,+ срндаци и згоени кукавици. 24 Зашто, тој владееше над сѐ од оваа страна на Реката,+ од Тифса до Газа,+ и над сите цареви од оваа страна на Реката,+ и мир+ владееше во целата негова земја, насекаде наоколу. 25 Луѓето во Јуда+ и во Израел живееја без страв,+ секој под својата лоза и под својата смоква,+ од Дан до Вирсавеја,+ во сите денови на Соломон.
26 Соломон имаше четириесет илјади јасли со коњи,+ кои ги впрегнуваше во своите коли,+ и дванаесет илјади коњаници.
27 Споменатите намесници+ ги снабдуваа со храна царот Соломон и сите што јадеа на трпезата на цар Соломон, и тоа секој во својот месец. Не дозволуваа ништо да недостасува. 28 Јачменот и сламата за запрежните и за останатите коњи+ ги донесуваа секаде каде што требаше, секој како што му беше одредено.+
29 А Бог му даде на Соломон толку голема мудрост+ и разборитост*+ и толку многу разум во срцето+ колку што има песок на морскиот брег.+ 30 Мудроста на Соломон беше поголема+ од мудроста на сите луѓе на Истокот+ и од сета египетска мудрост.+ 31 Беше помудар од сите луѓе, од Етан+ Езраховецот, од Еман,+ од Халкол+ и од Дарда, синови на Маол. Беше славен кај сите околни народи.+ 32 Изрече три илјади мудри изреки,+ а неговите песни+ беа илјада и пет. 33 Зборуваше за дрвјата, од кедарот што е на Ливан+ до исопот+ што никнува на ѕидот. Зборуваше за ѕверовите,+ за суштествата што летаат,+ за суштествата што лазат по земја+ и за рибите.+ 34 И доаѓаа луѓе од сите народи да ја чујат мудроста+ на Соломон, луѓе кои беа пратени од сите цареви на земјата, кои чуле за неговата мудрост.+