Јов
1 Во земјата Уз+ живееше еден човек, кој се викаше Јов.*+ Тој човек беше непорочен*+ и праведен,+ се боеше од Бога+ и го одбегнуваше злото.+ 2 И му се родија седум синови и три ќерки.+ 3 Од стока+ имаше: седум илјади овци, три илјади камили, петстотини чифта говеда и петстотини магарици, како и мошне многу слуги. Тој човек беше најголемиот од сите луѓе на Истокот.+
4 А неговите синови одеа на гозби+ што ги приредуваше секој од нив наизменично во својата куќа, секој во својот ден. Испраќаа да ги викнат трите нивни сестри и ги повикуваа да јадат и да пијат со нив. 5 А кога ќе се изредеа деновите на гозбите, Јов испраќаше да ги викнат, па ги посветуваше.+ Ќе станеше рано наутро и ќе принесеше жртви паленици+ за секого од нив, зашто, Јов си велеше: „Можеби моите синови згрешиле и го проколнале+ Бог во своето срце“.+ Јов го правеше ова секогаш.+
6 И дојде денот што беше одреден за синовите* на Јехова, вистинскиот Бог,+ да застанат пред него,+ а меѓу нив+ дојде и Сатана.*
7 Тогаш Јехова го праша Сатана: „Од каде доаѓаш?“ А Сатана му одговори на Јехова: „Минував низ земјата+ и ја обиколував“.+ 8 Јехова, пак, му рече на Сатана: „Дали го забележа мојот слуга Јов? На земјата нема таков како него+ — човек беспрекорен+ и праведен,+ кој се бои од Бога+ и го одбегнува злото“.+ 9 Тогаш Сатана му одговори на Јехова: „Зарем Јов залудно се бои од Бог?+ 10 Зарем ти не ги огради и него+ и неговата куќа и сѐ што има секаде наоколу? Го благослови+ делото на неговите раце, и неговата стока се намножи по земјата. 11 Туку, те молам, пружи ја раката и допри сѐ што има, па види дали нема да те проколне в лице!“+ 12 Тогаш Јехова му рече на Сатана: „Еве, сѐ што има е во твои раце. Само врз него не кревај рака!“ И Сатана си замина од пред лицето на Јехова.+
13 А еден ден неговите синови и ќерки јадеа и пиеја вино во куќата на својот најстар брат.+ 14 И дојде гласник+ кај Јов и рече: „Говедата ораа,+ а магариците пасеа покрај нив 15 кога нападнаа Савејците+ и ги грабнаа, а слугите ги убија со сечилото на мечот. Само јас успеав да избегам за да ти јавам“.+
16 Додека тој уште зборуваше, дојде друг и рече: „Оган Божји слезе од небото+ и се распламти меѓу овците и слугите, па ги проголта. Само јас успеав да избегам за да ти јавам“.
17 Додека тој уште зборуваше, дојде трет и рече: „Халдејците+ се наредија во три чети, ги нападнаа камилите и ги грабнаа, а слугите ги погубија со сечилото на мечот. Само јас успеав да избегам за да ти јавам“.
18 Додека тој уште зборуваше, дојде четвртиот и рече: „Твоите синови и ќерки јадеа и пиеја вино+ во куќата на својот најстар брат. 19 И гледај, се подигна силен ветар+ откај пустинскиот крај и удри на четирите агли од куќата, така што падна врз децата и тие загинаа. Само јас успеав да избегам за да ти јавам“.
20 Тогаш Јов стана и си ја раскина+ облеката, си ја истрижа главата,+ па падна на земја,+ се поклони+ 21 и рече:
„Гол излегов од утробата+ на мојата мајка,
гол и ќе се вратам таму.+
Нека биде благословено името Јеховино!“+
22 Во сето тоа Јов не згреши и не рече ништо лошо за Бог.+