Откровение
18 Потоа видов како од небото слегува еден друг ангел, кој имаше голема власт,+ и целата земја светна од неговата слава.+ 2 И извика со силен глас:+ „Падна, падна блудницата Големиот Вавилон+ и стана живеалиште на демони, извор на секаква нечиста смрдеа+ и скривалиште на сите нечисти и омразни птици!+ 3 Зашто, сите народи се опија со виното на гневот, со виното на нејзиниот блуд.+ Царевите на земјата блудствуваа со неа,+ и трговците+ на земјата се збогатија од нејзиниот огромен и бесрамен раскош“.+
4 И чув еден друг глас од небото како вели: „Излезете од неа, народе мој,+ за да не учествувате и вие во нејзините гревови+ и за да не ве снајдат нејзините неволји! 5 Зашто, нејзините гревови се натрупаа до небото+ и Бог се сети на нејзините неправедни дела.+ 6 Направете ѝ така како што таа им направи на другите,+ вратете ѝ двапати повеќе, двојно вратете ѝ за нејзините дела!+ Во чашата,+ во која таа мешаше опоен пијалак, измешајте ѝ го двојно повеќе!+ 7 Колку што таа се славеше себеси и живееше во бесрамен раскош толку мака и тага дајте ѝ!+ Зашто, во срцето си велеше: ‚Седам како царица,+ и не сум вдовица,+ и нема да видам тага‘.+ 8 Затоа во еден ден ќе дојдат нејзините неволји:+ смрт и тага и глад, и ќе биде изгорена во оган,+ зашто е силен Јехова Бог, кој ѝ судеше.+
9 И царевите+ на земјата, кои блудствуваа со неа и живееја во бесрамен раскош, ќе плачат и ќе жалат за неа+ кога ќе гледаат како се крева чад од огнот во кој ќе гори.+ 10 Исплашени од нејзината мака, ќе стојат малку подалеку и ќе велат:+ ‚Штета, штета, голем граде,+ Вавилоне, силен граде, зашто во еден час стигна твојата осуда!‘+
11 И трговците+ на земјата ќе плачат и ќе тагуваат за неа,+ бидејќи никој повеќе нема да купува од нивните стоки — 12 ни злато, ни сребро, ни скапоцени камења, ни бисери, ни фин лен, ни пурпур, ни свила, ни црвено платно; ниту некакво миризливо дрво, ниту некакви предмети од слонова коска, ниту некакви предмети од скапоцено дрво, ниту од бакар, ниту од железо, ниту од мермер;+ 13 ни цимет, ни индиски зачин, ни темјан, ни мирисливо масло, ни бел темјан, ни вино, ни маслиново масло, ни фино брашно, ни пченица, ни говеда, ни овци, ни коњи, ни кочии, ни робови, ни човечки души.+ 14 Зрелото овошје, по кое копнееше твојата душа,+ си отиде откај тебе, ти пропаднаа целиот раскош и сјај, и никогаш повеќе нема да се вратат.+
15 Трговците,+ кои тргуваа со сето тоа и се збогатија од неа, ќе стојат на растојание, исплашени од нејзината мака, и ќе плачат и ќе тагуваат:+ 16 ,Штета, штета, голем граде,+ облечен во фин лен и во пурпурна и црвена облека, и накитен со злато и скапоцени камења и бисери!+ 17 Во еден час беше опустошено толкаво богатство!‘+
И сите капетани на бродови и сите што допловија од разни места,+ морнарите и сите што живеат од морето стоеја на растојание+ 18 и се јадосуваа, гледајќи како се крева чадот од огнот во кој гореше: ‚Кој град е како овој голем град?‘+ 19 И си ги посипаа главите со прав+ и викаа, плачејќи и тагувајќи:+ ‚Штета, штета — голем граде, во кој сите што имаат бродови на морето+ се збогатија+ од неговото изобилство! Во еден час беше опустошен!‘+
20 Радувајте се, небо,+ и сите свети+ и апостоли+ и пророци, поради она што ја снајде, зашто Бог, осудувајќи ја неа, вам ви досуди правда!“+
21 И еден силен ангел подигна камен сличен на голем мелнички камен+ и го фрли во морето,+ велејќи: „Вака во миг ќе биде фрлен Вавилон, големиот град, и никогаш повеќе нема да постои.+ 22 И музика од харфисти и флејтисти и трубачи и од други музичари никогаш повеќе нема да се чуе во тебе.+ Никаков занаетчија, од каков и да било занает, повеќе нема да се најде во тебе. Звук од мелнички камен нема повторно да се чуе во тебе. 23 Светлина од светилка никогаш повеќе нема да свети во тебе. Глас од младоженец и невеста повеќе нема да се чуе во тебе.+ Зашто, твоите трговци+ беа големци+ на земјата и преку твоите гатања*+ беа заведени сите народи. 24 Во тој град се најде крвта+ на пророци+ и на свети+ и на сите што беа убиени на земјата“.+