Дела на апостолите
15 А некои луѓе дојдоа од Јудеја+ и почнаа да ги учат браќата: „Ако не се обрежете+ според Мојсеевиот обичај,+ не можете да се спасите“. 2 А кога дојде до голема расправа и препирање меѓу нив и Павле и Варнава, се договорија Павле и Варнава и уште некои од нив да отидат кај апостолите и старешините во Ерусалим+ поради тој спор.
3 Така, испратени од собранието,+ тие минуваа низ Феникија и Самарија, известувајќи подробно за преобраќањето на незнабошците,+ а ова многу ги израдува сите браќа.+ 4 Кога стигнаа во Ерусалим, собранието и апостолите и старешините љубезно ги примија,+ а тие раскажаа за сето она што Бог го направи преку нив.+ 5 Но некои од фарисејската секта, кои ја беа примиле верата, станаа од своите места и рекоа: „Треба да бидат обрежани+ и да им се заповеда да го држат Мојсеевиот закон“.+
6 Тогаш апостолите и старешините се собраа да го разгледаат тоа.+ 7 По долго расправање,+ Петар стана и им рече: „Луѓе, браќа, добро знаете дека Бог од првите денови ме избра од вас за да можат незнабошците да ги чујат од моја уста зборовите на добрата вест и да поверуваат.+ 8 И Бог, кој ги познава срцата,+ посведочи дека ги прифаќа давајќи им свет дух+ како што ни даде и нам. 9 Не направи никаква разлика помеѓу нас и нив,+ туку преку вера ги очисти нивните срца.+ 10 Зошто сега го искушувате Бог, ставајќи им го на учениците на врат јаремот+ што ниту нашите прататковци ниту ние не можевме да го носиме?+ 11 Напротив, веруваме дека ќе бидеме спасени преку незаслужената доброта+ на Господарот* Исус, исто како и тие“.+
12 Тогаш целото мноштво замолкна и слушаше како Варнава и Павле раскажуваат за многуте чуда и предзнаци, кои Бог преку нив ги правеше меѓу незнабошците.+ 13 А кога тие завршија, Јаков рече: „Луѓе, браќа, сослушајте ме!+ 14 Симеон*+ подробно изнесе како Бог за првпат им обрна внимание на незнабошците за да земе од нив народ за своето име.+ 15 Тоа е во согласност со зборовите на Пророците, како што е напишано: 16 ‚И потоа ќе се вратам и повторно ќе ја изградам паднатата Давидова сеница. Повторно ќе ги изградам нејзините урнатини и пак ќе ја подигнам,+ 17 за да можат преостанатите луѓе сесрдно да го побараат Јехова, заедно со луѓето од сите народи, со оние што го носат моето име, вели Јехова, кој го прави сето тоа,+ 18 познато од старо време‘.+ 19 Затоа сметам дека не треба да им се отежнува на оние од другите народи* кои се преобраќаат кон Бог,+ 20 туку треба да им се напише да се воздржуваат од она што е извалкано од идоли,+ од блуд,+ од удавено+ и од крв.+ 21 Зашто, уште од древни времиња ги има по градовите оние што го проповедаат Мојсеј, бидејќи неговите списи секоја сабота* се читаат на глас во синагогите“.+
22 Тогаш апостолите и старешините заедно со целото собрание одлучија да изберат меѓу себе некои мажи и да ги испратат во Антиохија со Павле и со Варнава. Тоа беа Јуда, наречен Варсава,+ и Сила, мажи кои предводеа меѓу браќата. 23 По нив го испратија следново писмо:
„Апостолите и старешините, браќа, ги поздравуваат браќата од другите народи,* кои се во Антиохија,+ во Сирија и во Киликија!+ 24 Поради тоа што чувме дека некои од нас, на кои не им дадовме никаков налог, ве вознемириле со своите изјави,+ обидувајќи се да ги поколебаат вашите души,+ 25 еднодушно се сложивме+ и решивме да избереме мажи кои ќе ви ги испратиме заедно со нашите сакани Варнава и Павле,+ 26 луѓе кои ги предадоа своите животи* за името на нашиот Господар Исус Христос.+ 27 Затоа ви ги испраќаме Јуда и Сила,+ за да можат и усно да ви го соопштат истото тоа.+ 28 Зашто, светиот дух+ и ние решивме да не ставаме никакво додатно бреме+ на вас, освен ова што е неопходно: 29 да се воздржувате од она што е жртвувано на идоли,+ од крв,+ од удавено+ и од блуд.+ Ако се чувате од тоа,+ ќе ви биде добро. Останете со здравје!“
30 А тие се збогуваа и отидоа во Антиохија, па го собраа мноштвото и им го предадоа писмото.+ 31 Кога овие го прочитаа, се израдуваа на охрабрувањето.+ 32 А Јуда и Сила, кои и самите беа пророци,+ ги охрабрија браќата со многу зборови и ги зајакнаа.+ 33 Таму поминаа некое време, а потоа браќата ги отпуштија со мир+ да се вратат кај оние што ги беа пратиле. 34 * —— 35 Но Павле и Варнава останаа во Антиохија,+ поучувајќи и објавувајќи ја добрата вест за Јеховината реч+ заедно со многу други.
36 По некое време Павле му рече на Варнава: „Секако ќе мора да се вратиме и да ги посетиме браќата во секој град во кој ја објавувавме Јеховината реч, за да видиме како се“.+ 37 А Варнава бараше да го поведат и Јован наречен Марко.+ 38 Но Павле сметаше дека не е добро да го поведат, бидејќи во Памфилија ги напушти+ и не појде со нив на делото. 39 Тогаш дојде до толку жестока караница што се раздвоија. Варнава+ го поведе Марко и отплови за Кипар,+ 40 а Павле го избра Сила+ и, откако браќата го доверија на Јеховината незаслужена доброта,+ замина на пат. 41 И минуваше низ Сирија и Киликија, зајакнувајќи ги собранијата.+