Изреки
1 Изреки на Соломон, синот на Давид и царот на Израел,
2 напишани за човекот да стекне мудрост и да прими поука,*
да ги разбере мудрите зборови,
3 да прими поука* која дава разборитост
и води до праведност, исправно расудување и чесност,*
4 за неискусните да стекнат остроумност,
а младите да стекнат знаење и способност за расудување.
5 Мудриот слуша и така учи повеќе;
разумниот го прифаќа мудрото водство,*
6 за да ги разбере изреките и загатките,*
зборовите на мудрите и нивните гатанки.
7 Стравопочитта кон Јехова е почеток на знаењето.
Само безумните ги презираат мудроста и поуката.*
9 Тие се како прекрасен венец на твојата глава
и убав ѓердан на твојот врат.
10 Сине мој, ако грешниците се обидат да те наведат на погрешен пат, не слушај ги.
11 Ако ти речат: „Дојди со нас!
Да убиеме некого од заседа.
Ќе се скриеме и ќе начекаме невини жртви.
12 Ќе ги проголтаме живи, како што голта гробот,*
и тоа цели, како оние што заминуваат во гробната јама.
13 Ќе им ги грабнеме сите скапоцености,
ќе си ги наполниме куќите со плен.
15 Сине мој, не оди со нив.
17 Залудно е да се распне мрежа пред очите на птицата.
18 Затоа тие чекаат во заседа да пролеат крв
и демнат за да одземат нечиј живот.
19 Така постапуваат оние што сакаат нечесно да се збогатат,
но на крајот ќе платат за тоа со својот живот.
20 Вистинската мудрост гласно вика на улиците,
нејзиниот глас одекнува на плоштадите.
21 На раскрсниците на преполните улици таа повикува
и пред градските порти вели:
22 „Неразумни, до кога ќе ја сакате глупавоста?*
Потсмевачи, до кога ќе уживате да се потсмевате?
Безумници, до кога ќе го мразите знаењето?
Тогаш ќе ви дадам мудрост,*
ќе ви помогнам да ги разберете моите зборови.
24 Јас ве повикував, но вие не сакавте да слушате,
ви подавав рака, но никој не обрнуваше внимание.
25 Не ви беше грижа за ниту еден мој совет
и не сакавте да го прифатите мојот укор.
26 Затоа и јас ќе се смеам кога ќе ве снајде несреќа,
ќе се потсмевам кога ќе дојде она од кое се плашите,
27 кога она од кое се плашите ќе навали врз вас како бура,
кога несреќата ќе ве зафати како виор
и кога ќе ве погодат маки и неволји.
28 Тогаш ќе ме повикуваат, но нема да им одговорам;
очајно ќе ме бараат, но нема да ме најдат,
29 бидејќи го мразеа знаењето
и не сакаа да покажат стравопочит кон Јехова.
30 Ги отфрлија моите совети
и го презираа секој мој укор.
33 Но, оној што ме слуша мене ќе биде на безбедно
и ќе живее спокојно без да се плаши од неволја“.