Евреите
2 Затоа треба да му обрнеме посебно внимание на она што сме го чуле,+ за да не бидеме одвлечени од верата.+ 2 Зашто, ако речта изговорена преку ангелите+ беше цврста, па секој престап и чин на непослушност беше праведно казнет,+ 3 како ќе избегаме ние+ ако занемариме+ толку големо спасение,+ кое почна да го проповеда нашиот Господар*+ и кое ни го потврдија оние што го чуја како зборува,+ 4 а за кое и Бог посведочи со чудесни знаци, со предзнаци, со разни моќни дела*+ и со делење на светиот дух+ по своја волја?+
5 Зашто, не им го подложи на ангелите идниот свет*+ за кој зборуваме. 6 А некој некаде посведочил: „Што е човекот, па да мислиш на него,+ или синот човечки, па да се грижиш за него?+ 7 Си го направил малку понизок од ангелите, си го овенчал со слава и чест+ и си го поставил над делата на своите раце.+ 8 Сѐ си му подложил под нозете“.+ Со тоа што му подложи сѐ,+ Бог не остави ништо што не му е подложено.+ Но сега уште не гледаме дека сѐ му е подложено,+ 9 ама го гледаме Исус, кој беше направен малку понизок од ангелите,+ овенчан со слава+ и чест бидејќи претрпе смрт,+ за со тоа, преку Божјата незаслужена доброта, да ја вкуси смртта за секого.+
10 Зашто, му прилегаше на оној, заради кого е сѐ+ и преку кого е сѐ, доведувајќи многу синови во слава,+ преку страдања+ да го направи совршен Главниот Застапник+ на нивното спасение. 11 Зашто, и оној што посветува и оние кои тој ги посветува+ — сите се од еден татко.+ Затоа тој не се срами да ги нарекува „браќа“,+ 12 кога вели: „Ќе им го објавувам твоето име на своите браќа, ќе те фалам со песна среде насобраното мноштво“.*+ 13 И уште: „Јас ќе се надевам на него“.+ И уште: „Еве, јас и децата што ми ги даде Јехова“.+
14 А бидејќи тие „деца“ се луѓе од крв и месо, и тој стана човек од крв и месо,+ за преку својата смрт+ да го уништи+ оној што ја има моќта да предизвикува смрт,+ односно Ѓаволот,+ 15 и да ги ослободи+ сите кои поради страв од смрт+ целиот живот биле подложени на робување.+ 16 Зашто, тој сигурно не им помага на ангелите, туку му помага на Авраамовото потомство.+ 17 Затоа мораше во сѐ да стане како своите „браќа“,+ за да биде милосрден и верен како првосвештеник во Божјата служба,+ за да принесе жртва помирница+ за гревовите на народот.+ 18 А бидејќи и самиот страдаше кога беше искушуван,+ тој може да им дојде на помош на оние што се во искушенија.+