2. Коринќаните
10 А јас, Павле, лично и сесрдно ве молам со Христовата благост+ и доброта,*+ јас кој оставам скромен впечаток+ кога сум меѓу вас, но смел сум кон вас кога сум отсутен.+ 2 Ве молам, кога ќе бидам кај вас, да не морам да бидам смел+ онака како што имав намера да бидам и да морам да преземам строги мерки против некои што сметаат дека живееме* според склоностите на своето тело. 3 Зашто, иако живееме во тело,+ не војуваме според склоностите на телото.+ 4 Зашто, оружјето на нашето војување не е телесно,+ туку има голема сила од Бог+ за уривање на она што е цврсто утврдено. 5 Зашто, уриваме погрешни размислувања и секаква вообразеност која се крева против познавањето на Бог,+ ја зауздуваме секоја мисла за да му се покори на Христос 6 и спремни сме да ја казниме секоја непослушност,+ откако вашата послушност ќе биде потполна.+
7 Вие ја гледате само надворешноста.+ Ако некој е уверен дека е Христов, самиот повторно нека размисли за ова: како што е тој Христов, така сме и ние.+ 8 Зашто, и малку повеќе да се фалев+ со овластувањето што ни го даде Господарот* за да ве изградуваме, а не да ве уриваме,+ не би се посрамил. 9 Ви го зборувам ова за да не помислите дека со своите писма сакам да ве уплашам. 10 Зашто, некои велат: „Неговите писма се тешки и силни, но кога е лично присутен,* изгледа безначајно,+ а зборовите му се безвредни“.+ 11 Таквите нека размислат за ова: какви сме на збор во писмата кога сме отсутни, такви ќе бидеме и на дело кога ќе бидеме присутни.+ 12 Зашто, не се осмелуваме да се вброиме или да се споредиме со некои што се препорачуваат самите себе.+ Се проценуваат себеси со свои сопствени мерила и се споредуваат самите со себе — постапуваат неразумно.+
13 Ние, пак, нема да се фалиме со она што е надвор од нашите граници,+ туку со она што е внатре во границата на подрачјето кое Бог ни го одмерил, а кое ве опфаќа и вас.+ 14 Навистина, ние не одиме преку своите граници — како што би било кога тие граници не би ве опфаќале и вас — бидејќи први стигнавме до вас со добрата вест за Христос.+ 15 Не се фалиме со она што е надвор од нашите граници, со туѓи напори,+ туку се надеваме дека, со растот на вашата вера,+ меѓу вас ќе се зголеми ценењето за она што го правиме во границите на нашето подрачје.+ Тогаш нашите достигнувања ќе бидат уште поголеми, 16 па ќе ја објавуваме добрата вест и надвор од вашите граници,+ за да не се фалиме со она што веќе е направено на туѓо подрачје. 17 „А кој се фали, со Јехова нека се фали.“+ 18 Зашто, признание од Јехова нема оној што самиот себе се препорачува,+ туку оној кого Тој+ го препорачува.+