Дела на апостолите
11 А апостолите и браќата што беа во Јудеја чуја дека и незнабошците+ ја примиле речта Божја, 2 па кога Петар дојде во Ерусалим, поборниците на обрежувањето+ почнаа да му приговараат 3 поради тоа што отишол во куќата на необрежани луѓе и јадел со нив. 4 Тогаш Петар им раскажа сѐ по ред како што беше:
5 „Бев во градот Јопа и се молев, па паднав во занес* и имав видение. Видов нешто како големо платно, држено за четирите краишта, како слегува од небото и се спушта до мене. 6 Се загледав во него, набљудував и видов земни четириножни суштества и диви животни и лазачи и небесни птици.+ 7 Чув и глас кој ми рече: ‚Петре, стани! Коли и јади!‘+ 8 Но јас реков: ‚Никако, Господару, зашто нешто валкано или нечисто никогаш не влегло во мојава уста!‘+ 9 Но гласот од небото одговори по вторпат: ‚Не викај го валкано она што Бог го исчистил!‘+ 10 Тоа се повтори и по третпат, а потоа сѐ беше пак земено назад на небото.+ 11 И ете, во тој час пред куќата, во која се наоѓавме, застанаа тројца мажи испратени од Цезареја кај мене.+ 12 Тогаш духот+ ми рече да појдам со нив без колебање. А со мене појдоа и овие шестмина браќа, и влеговме во куќата на тој човек.+
13 Тој ни раскажа дека во својата куќа го видел ангелот, кој застанал пред него и му рекол: ‚Испрати луѓе во Јопа и повикај го Симон, наречен Петар.+ 14 Тој ќе ти ги каже зборовите преку кои можеш да се спасиш ти и сите во твојот дом‘.+ 15 А кога почнав да зборувам, врз нив слезе светиот дух, како и врз нас во почетокот.+ 16 Тогаш се сетив како зборуваше Господарот: ‚Јован крштаваше со вода,+ а вие ќе бидете крстени со свет дух‘.+ 17 Значи, ако Бог им го дал истиот дар и ним како што ни го даде нам кои поверувавме во Господарот Исус Христос,+ кој сум јас, па да можам да го спречам Бог?“+
18 А кога го чуја тоа, се смирија+ и почнаа да го слават Бог,+ велејќи: „Значи, Бог и на незнабошците им даде покајание кое води во живот“.+
19 А оние што ги распрсна+ неволјата, која настана поради Стефан, стигнаа дури до Феникија,+ Кипар+ и Антиохија, но не ја проповедаа речта никому, освен на Евреите.+ 20 Но меѓу нив беа некои луѓе од Кипар и од Киринија, кои дојдоа во Антиохија и почнаа да разговараат со луѓето што зборуваа грчки,+ објавувајќи ја добрата вест за Господарот* Исус.+ 21 А Јеховината рака+ беше со нив и многу луѓе станаа верници и се преобратија кон Господарот.+
22 А гласот за нив дојде до ушите на собранието што беше во Ерусалим, па го испратија Варнава+ во Антиохија. 23 Кога стигна и ја виде Божјата незаслужена доброта,+ тој се израдува+ и сите ги храбреше да му останат верни на Господарот со решително срце,+ 24 зашто беше добар човек, полн со свет дух и со вера. И голем број луѓе му се придружија на Господарот.+ 25 Потоа отиде во Тарс+ да го побара Савле.+ 26 Кога го најде, го одведе во Антиохија. И така цела година се состануваа со нив во собранието и поучуваа големо мноштво луѓе, па преку божествено провидение токму во Антиохија учениците за првпат беа наречени христијани.+
27 Во тие денови во Антиохија дојдоа пророци+ од Ерусалим. 28 Еден од нив, по име Агав,+ стана и преку духот претскажа дека по цел свет* ќе завладее голем глад.+ Токму тоа се случи за време на владеењето на Клавдиј. 29 Затоа учениците, секој според своите можности,+ решија да испратат помош+ за на тој начин да им послужат на браќата што живееја во Јудеја. 30 Тоа и го сторија, испраќајќи им ја на старешините преку Варнава и Савле.+