Изреки
2 Човекот ќе ужива во доброто од плодовите на своите зборови,
а измамникот копнее по насилство.
3 Кој внимава што зборува, си го чува животот,
а кој уста не затвора, ќе настрада.
4 Мрзливиот има многу желби, но останува со празни раце,
а желбите на трудољубивиот ќе се исполнат.
5 Праведниот ја мрази лагата,
а постапките на злобниот носат срам и понижување.
6 Праведноста ги чува беспрекорните,
а злобата ги упропастува грешниците.
7 Некој се прави богат, а нема ништо;
некој се прави сиромашен, а има големо богатство.
8 Богатиот со своето богатство плаќа откупнина за својот живот,
а на сиромашниот никој не му се ни заканува.
11 Брзо стекнатото богатство* ќе исчезне,
а богатството на оној што малку по малку собира ќе се зголеми.
15 Оној што добро расудува стекнува наклоност,
а животот на измамниците е тежок.
16 Разумниот човек постапува промислено,
а глупавиот ја разоткрива својата глупавост.
17 Злобниот гласник запаѓа во неволји,
а верниот гласник донесува освежување.
18 Кој ги игнорира поуките,* ќе осиромаши и ќе си навлече срам,
а кој прифаќа укор, ќе му биде укажана чест.
19 Исполнетата желба го радува човекот,
а безумните не сакаат да се одвратат од злото.
21 Грешниците ги прогонува неволја,
а праведните ќе бидат богато наградени.
22 Добриот човек им остава наследство и на внуците,
а богатството на грешникот се чува за праведниот.
25 Праведниот јаде и се наситува,
а стомакот на злобниот останува празен.