Изреки
7 Сине мој, држи се за моите зборови
и чувај ги моите заповеди како богатство.
3 Врзи си ги на прстите
и запиши ги на плочата на своето срце.
4 Речи ѝ на мудроста: „Ти си ми сестра“,
а разборитоста викај ја роднина,
6 Додека од прозорецот на мојата куќа
гледав низ решетката
7 и ги набљудував лековерните,*
забележав меѓу младите едно неразумно момче.*
8 Тоа поминуваше во близина на нејзината улица
и се упати кон нејзината куќа.
9 Беше приквечер и се стемнуваше,
полека се спушташе ноќта и паѓаше мрак.
10 Тогаш видов како го пресретна една жена
со лукаво срце, облечена како блудница.
11 Таа е гласна и тврдоглава.
Никогаш не седи* дома.
12 Час е на улица, час е на плоштадите,
демне на секој агол.
13 Таа го зграпчи и го бакна.
Бесрамно му рече:
14 „Морав да принесам жртви на заедништвото.
Денес ги исполнив моите завети.
15 Затоа излегов да те сретнам,
тргнав да те побарам и те најдов!
16 На мојата постела ставив убави прекривки,
разнобоен египетски лен.
17 Ја намирисав со смирна, алое и цимет.
18 Дојди да се опиваме со љубовта до зори,
да се насладуваме на љубовните страсти.
19 Зашто, маж ми не е дома,
замина на далечен пат.
20 Со себе понесе ќесе со пари
и нема да се врати сѐ до полна месечина“.
21 Таа го измами со убедливи зборови,
го заведе со својата слаткоречивост.
22 И тој веднаш појде по неа како бик што оди на колење
и како безумник што ќе биде казнет со окови.
23 На крајот, стрела ќе му го прободе црниот дроб.
Како птица што влетува во стапица, тој не знае дека тоа ќе го чини живот.
25 Не дозволувај срцето да ти застрани на нејзините патишта.
Немој да заталкаш по нејзините патеки,
26 зашто таа многумина одведе во смрт,
и голем е бројот на оние што ги уби.