Изреки
27 Не фали се со тоа што ќе го правиш утре,
бидејќи не знаеш што ќе донесе денот.
3 Тежок е каменот и тежок е песокот,
но уште потешко е кога те провоцира безумник.
4 Бесот е суров и гневот е како поплава,
но љубомората е полоша и од двете.
5 Подобар е отворен укор отколку скриена љубов.
8 Како птица што го напушта своето гнездо,
таков е оној што го напушта својот дом.
10 Не оставај го својот пријател ни пријателот на татко ти,
и не оди во куќата на брат ти кога ќе те снајде несреќа;
подобар е соседот што живее близу отколку братот што живее далеку.
11 Биди мудар, сине мој, и израдувај ми го срцето
за да можам да му одговорам на оној што ми се подбива.
13 Земи му ја облеката на оној што гарантирал за непознат човек,
земи залог од него ако гарантирал за туѓинка.*
15 Жена кавгаџика* е како покрив што прокиснува без престан во дождлив ден.
16 Кој може да ја запре неа, може да го запре ветрот
и да фати масло со десната рака.
18 Кој се грижи за смоква, ќе јаде од нејзините плодови,
и кој се грижи за својот господар, ќе биде почитуван.
19 Како што човек во водата си го гледа лицето,
така во срцето на друг човек си го гледа срцето.
21 Среброто се пречистува во сад за претопување, златото во печка,
а пофалбата е испит за човекот.
22 Дури и да го толчиш безумникот со толчник
како што се толчат зрна во аван,
нема да ја истераш глупавоста од него.
23 Треба добро да го познаваш своето стадо.
Со сето срце грижи се за* своите овци,
24 бидејќи богатството не трае засекогаш,
ниту круната низ сите поколенија.
25 Зелената трева исчезнува, нова никнува,
и билките се собираат по планините.
26 Младите овни ти даваат облека,
а со јарците можеш да купиш нива.
27 И ќе имаш доволно козјо млеко за себе,
за своето семејство и за своите слугинки.