4. Мојсеева
16 Кореј,+ синот на Исар,+ син на Кат,+ син на Леви,+ се побуни со Датан+ и Авирон,+ синовите на Елијав,+ и со Он, синот на Фалет — потомци на Рувим.+ 2 И тие станаа против Мојсеј заедно со двесте и педесет луѓе меѓу синовите на Израел, поглавари на заедницата, кои беа повикувани на собирот и беа познати луѓе. 3 Се собраа против+ Мојсеј и Арон и им рекоа: „Доста беше! Зашто, целата заедница е света,+ сите во неа, и Јехова е меѓу нив.+ Тогаш зошто се возвишувате над Јеховината заедница?“+
4 Кога го чу тоа, Мојсеј падна ничкум. 5 Потоа им рече на Кореј и на целата негова дружина: „Утре изутрина Јехова ќе покаже кој е негов,+ кој е свет+ и кој смее да му се приближи.+ Оној што ќе го избере,+ тој ќе му се приближи. 6 Направете вака: земете си кадилници+ — ти, Кореј, и целата твоја дружина+ — 7 па ставете утре во нив оган и одозгора ставете темјан пред Јехова. Кого Јехова ќе го избере,+ тој ќе биде свет. Доста беше, синови на Леви!“+
8 Мојсеј уште му рече на Кореј: „Ве молам, слушнете, синови на Леви! 9 Зарем ви е малку тоа што Богот на Израел ве одвои+ од израелската заедница за да ве доведе кај себе да ја вршите службата во Јеховиниот шатор и да стоите пред заедницата и да ѝ служите,+ 10 и тоа што тебе и сите твои браќа, синови на Леви, ве доведе кај себе? Морате ли да барате уште и свештеничка служба?+ 11 Затоа ти и целата твоја дружина сте се собрале против Јехова.+ А што е Арон, па да мрморите против него?“+
12 Потоа Мојсеј испрати по Датан и Авирон,+ синовите на Елијав, но тие одговорија: „Нема да дојдеме!+ 13 Зарем е малку тоа што нѐ изведе од земјата во која тече мед и млеко за да нѐ погубиш во оваа пустина,+ па уште сакаш и кнез да се правиш над нас?+ 14 И еве, ти не нѐ доведе во земја во која тече мед и млеко,+ ниту ни даде во наследство ниви и лозја. Зарем мислиш да им ги ископаш очите на овие луѓе? Нема да дојдеме!“
15 Тогаш Мојсеј многу се разгневи, па му рече на Јехова: „Немој да се обѕрнуваш на нивната житна жртва!+ Не сум им зел ниту едно магаре, ниту сум оштетил некого од нив“.+
16 Потоа Мојсеј му рече на Кореј:+ „Ти и целата твоја дружина дојдете утре пред Јехова:+ ти, тие и Арон. 17 Секој нека ја земе својата кадилница и нека стави во неа темјан, па секој нека ја донесе својата кадилница пред Јехова, двесте и педесет кадилници. И ти и Арон донесете ја секој својата кадилница“. 18 И ја зедоа секој својата кадилница, ставија во неа оган и одозгора ставија темјан, па со Мојсеј и со Арон застанаа на влезот во шаторот на средбата. 19 Кога Кореј ја собра против нив целата заедница+ на влезот во шаторот на средбата, на целата заедница ѝ се покажа Јеховината слава.+
20 И Јехова им рече на Мојсеј и Арон: 21 „Одвојте се+ од таа заедница за да ги погубам!“+ 22 А тие паднаа ничкум и рекоа: „О Боже! Боже на животниот дух во секое тело!+ Зарем поради гревот на еден човек ќе се разгневиш против целата заедница?“+
23 Тогаш Јехова му рече на Мојсеј: 24 „Кажи ѝ на заедницата и речи: ‚Оддалечете се од шаторите на Кореј, Датан и Авирон!‘ “+
25 Потоа Мојсеј стана и отиде кај Датан и Авирон, а со него тргнаа и старешините+ на Израел. 26 И ѝ рече на заедницата: „Отстапете од шаторите на овие зли луѓе и не допирајте се до ништо што е нивно+ за да не загинете поради сите нивни гревови!“ 27 И веднаш се оддалечија од шаторите на Кореј, Датан и Авирон. А Датан и Авирон излегоа и застанаа на влезот од своите шатори+ со своите жени, со своите синови и со малите деца.
28 Тогаш Мојсеј рече: „По ова ќе знаете дека Јехова ме испратил да ги правам сите овие дела+ и дека не го правам тоа според своето срце:+ 29 ако овие луѓе умрат како што умираат сите луѓе и ако бидат казнети како што се казнуваат сите луѓе,+ тогаш Јехова не ме испратил.+ 30 Но, ако Јехова направи нешто ново,+ па земјата ја отвори устата и ги проголта+ со сѐ што е нивно, та отидат живи во гробот,*+ тогаш знајте дека тие луѓе го презирале Јехова“.+
31 Само што ги изговори овие зборови, земјата под нив се распука.+ 32 И земјата ја отвори устата и ги проголта нив, нивните семејства, сите луѓе на Кореј и сиот нивни имот.+ 33 Живи отидоа в гроб,* тие и сите нивни, и земјата ги покри,+ па исчезнаа од заедницата.+ 34 Сите Израелци што стоеја околу нив се разбегаа од нивниот врисок, велејќи: „Да не нѐ проголта земјата и нас!“+ 35 И излезе оган од Јехова,+ па ги изгоре тие двесте и педесет луѓе што принесуваа темјан.+
36 Тогаш Јехова му рече на Мојсеј: 37 „Кажи му на Елеазар, синот на свештеникот Арон, да ги собере кадилниците+ од пепелиштето и речи му: ‚Расфрли го огнот подалеку; зашто се свети 38 дури и кадилниците на тие луѓе кои ѝ згрешија на сопствената душа.+ Од нив нека направат танки метални плочи за да се обложи жртвеникот+ со нив, зашто ги донесоа пред Јехова и затоа станаа свети. Нека им служат како знак на синовите на Израел‘ “.+ 39 Така свештеникот Елеазар ги зеде бакарните кадилници+ што ги беа донеле оние што изгореа, па ги прековаа за да го обложат со нив жртвеникот, 40 за синовите на Израел да си спомнуваат дека ниту еден човек од обичниот народ+ — никој што не му припаѓа на Ароновото потомство — не смее да пристапува за да пали темјан пред Јехова,+ за да не стане како Кореј и неговата дружина,+ како што му беше рекол Јехова преку Мојсеј.
41 Но веќе утредента целата заедница од синови на Израел почна да мрмори против Мојсеј и Арон:+ „Вие го убивте Јеховиниот народ!“ 42 А кога заедницата се собра против Мојсеј и против Арон, се сврте кон шаторот на средбата и, гледај, облак го покри шаторот и се покажа Јеховината слава.+
43 А Мојсеј и Арон отидоа пред шаторот на средбата.+ 44 И Јехова му рече на Мојсеј: 45 „Оддалечете се од таа заедница за да ги погубам веднаш“.+ А тие паднаа ничкум.+ 46 И Мојсеј му рече на Арон: „Земи ја кадилницата и стави во неа оган од жртвеникот,+ одозгора стави темјан, па појди бргу кај заедницата и изврши за неа обред на очистување,+ бидејќи пламна Јеховиниот гнев+ и почна поморот!“ 47 Арон веднаш ја зеде кадилницата, како што рече Мојсеј, и отрча кај заедницата, и гледај, веќе беше започнал поморот меѓу народот. А тој го запали темјанот и почна да го врши обредот на очистување за народот. 48 Застана меѓу мртвите и живите,+ и поморот престана.+ 49 Од поморот изумреа четиринаесет илјади и седумстотини души, покрај оние што загинаа поради Кореј. 50 Кога Арон се врати кај Мојсеј на влезот во шаторот на средбата, поморот беше престанал.