Лука
3 Во петнаесеттата година од владеењето на цезарот Тибериј, кога Понтиј Пилат беше управител на Јудеја, и Ирод*+ тетрарх* на Галилеја, а неговиот брат Филип тетрарх на земјата Итуреја и Трахонитида, и Лисаниј тетрарх на Авилинија, 2 во деновите на Кајафа и на главниот свештеник Ана,+ Божјата реч му дојде на Јован,+ синот на Захарија, во пустината.+
3 И тој го обиколи целиот крај околу Јордан, проповедајќи им на луѓето дека треба да се крстат во знак на покајание, кое е потребно за проштавање на гревовите,+ 4 како што стои во книгата во која се запишани зборовите на пророкот Исаија: „Слушајте! Некој вика во пустината: ‚Подгответе му го патот на Јехова, израмнете ги неговите патеки!+ 5 Секој дол да се исполни, и секоја планина и секој рид да се израмнат! Кривулестите патеки да станат прави, нерамните патишта да се израмнат!+ 6 И сите луѓе ќе го видат оној преку кого Бог ќе донесе спасение‘ “.+
7 И им зборуваше на мноштвото луѓе кои доаѓаа кај него за да ги крсти: „Змиско легло!+ Кој ви кажал да бегате од гневот што доаѓа?+ 8 Затоа донесете плодови кои одговараат на покајанието!*+ И немојте во себе да си зборувате: ‚Наш татко е Авраам‘. Зашто, ви велам, Бог може од овие камења да му подигне деца на Авраам. 9 Секирата веќе лежи кај коренот на дрвјата. Затоа, секое дрво кое не донесува добар плод, ќе го исечат и ќе го фрлат во оган“.+
10 А луѓето го прашуваа: „Тогаш што треба да правиме?“+ 11 Тој им одговараше: „Кој има две облеки, нека му даде една на оној што нема ниту една, и кој има храна, нека го направи истото!“+ 12 Дојдоа да се крстат и даночници, па го прашаа: „Учителе, што треба да правиме?“+ 13 Тој им одговори: „Не барајте повеќе отколку она што е пропишано!“+ 14 А и некои војници го прашаа: „А што треба ние да правиме?“ Им одговори: „Не угнетувајте никого и не обвинувајте лажно никого,+ туку бидете задоволни со својата плата!“+
15 А народот беше во исчекување и сите во своето срце се прашуваа за Јован: „Да не е можеби тој Христос?“*+ 16 Затоа Јован на сите им рече: „Јас ве крштавам со вода, но доаѓа оној што е посилен од мене, кому јас не сум достоен да му ги одврзам ремчињата на сандалите.+ Тој ќе ве крсти со свет дух и со оган.+ 17 Во раката има лопата за веење за да го исчисти своето гумно и да ја собере+ пченицата во својот амбар, а плевата+ ќе ја изгори во оган што не може да се изгасне“.+
18 А ги подбуди и со многу други зборови и му ја објавуваше добрата вест на народот. 19 А тетрархот Ирод, кого Јован го прекоруваше поради Иродијада, жената на брат му, и поради сите злодела што ги беше направил Ирод,+ 20 покрај другото го направи и ова: го фрли Јован в затвор.+
21 Кога се крсти сиот народ, се крсти и Исус.+ И додека се молеше, се отвори небото+ 22 и светиот дух слезе на него во телесен облик како гулаб, и од небото се чу глас: „Ти си мојот сакан Син, ти си по мојата волја!“+
23 Кога започна со својата служба,+ Исус имаше околу триесет+ години. А беше, како што се сметаше,
син на Или,
24 син на Матат,
син на Леви,
син на Мелхи,
син на Јанај,
син на Јосиф,
25 син на Мататиј,
син на Амос,
син на Наум,
син на Если,
син на Нагај,
26 син на Маат,
син на Мататиј,
син на Семеин,
син на Јосех,
син на Јода,
27 син на Јоанан,
син на Реза,
син на Зоровавел,+
син на Салатиел,+
син на Нери,
28 син на Мелхи,
син на Ади,
син на Косам,
син на Елмодам,
син на Ир,
29 син на Исус,
син на Елиезер,
син на Јорим,
син на Матат,
син на Леви,
30 син на Симеон,
син на Јуда,
син на Јосиф,
син на Јонам,
син на Елијаким,
31 син на Мелеа,
син на Мена,
син на Матата,
син на Натан,+
син на Давид,+
32 син на Јесеј,+
син на Овид,+
син на Вооз,+
син на Салмон,+
син на Насон,+
33 син на Аминадав,+
син на Есром,+
син на Фарес,+
син на Јуда,+
34 син на Јаков,+
син на Исак,+
син на Авраам,+
син на Тара,+
син на Нахор,+
35 син на Серух,+
син на Рагав,+
син на Фалек,+
син на Евер,+
син на Сала,+
син на Арфаксад,+
син на Сем,+
син на Ное,+
син на Ламех,+
37 син на Метузалем,+
син на Енох,+
син на Јаред,+
син на Малелеел,+
син на Каинан,+
син на Сет,+
син на Адам,+
син на Бог.