Филипјаните
1 Павле и Тимотеј, робови+ на Христос Исус, до сите свети во единство со Христос Исус, кои се во Филипи,+ и до надгледниците и слугите помошници:+
2 Бог, нашиот Татко, и Господарот* Исус Христос+ нека ви дадат незаслужена доброта и мир!
3 Кога ќе се сетам на вас, му благодарам на својот Бог+ 4 во секоја своја сесрдна молитва за сите вас.+ Радосно ги упатувам своите сесрдни молитви за вас 5 поради вашиот придонес+ во ширењето на добрата вест од првиот ден до сега. 6 Зашто, уверен сум во ова: оној што го започнал доброто дело во вас, ќе го доврши+ до денот+ на Исус Христос. 7 Исправно е така да мислам за сите вас, зашто ве носам во срцето,+ сите вас кои ја делите+ со мене Божјата незаслужена доброта, и во моите окови+ и во одбраната+ и во законското потврдување на правото да се проповеда добрата вест.+
8 Зашто, Бог ми е сведок колку копнеам по сите вас со љубов+ каква што има Христос Исус. 9 И се молам вашата љубов сѐ повеќе и повеќе да расте+ во доброто познавање*+ и во потполното сфаќање+ на Божјата волја 10 и да можете да процените што е најважно,+ за да бидете непорочни+ и да не ги спрепнувате+ другите сѐ до Христовиот ден 11 и, со помош на Исус Христос, да бидете полни со плодот на праведноста,+ на Божја слава и фалба.+
12 А сакам да знаете, браќа, дека ова што ми се случува, всушност, помага да се шири добрата вест,+ 13 така што меѓу целата царска телесна стража* и меѓу сите останати+ стана познато+ дека сум во окови+ поради верата во Христос. 14 А и повеќето браќа во Господарот се охрабрија поради моите окови, па уште посмело, без страв, ја зборуваат речта Божја.+
15 Вистина, некои го проповедаат Христос од завист и од соперништво,+ а други од добра волја.+ 16 Овие вториве го објавуваат Христос од љубов, зашто знаат дека овде сум поставен за да ја бранам+ добрата вест, 17 а оние првине го прават тоа од честољубие,+ не од чисти побуди, зашто мислат дека така ќе ми ја отежнат неволјата+ додека сум во окови. 18 И што постигнуваат со тоа? Ништо друго, освен што на секој начин, било од неискрени+ побуди било од искрени, Христос се проповеда.+ На тоа се радувам. А и понатаму ќе се радувам, 19 зашто знам дека тоа ќе доведе до мое спасение поради вашите сесрдни молитви+ и со помош на духот на Исус Христос,+ 20 желно исчекувајќи+ и надевајќи се+ дека поради ништо нема да се посрамам,+ туку дека поради големата смелост+ со која проповедам, Христос и сега, како и секогаш досега, ќе се велича преку моето тело,+ било преку мојот живот било преку мојата смрт.+
21 Зашто, за мене живеењето е Христос,+ а умирањето — добивка.+ 22 А ако и понатаму живеам во тело, ќе можам и понатаму да донесувам плод во својата служба+ — но не ставам до знаење што би избрал. 23 Тие две работи ме притискаат,+ но всушност сакам ослободување и сакам да бидам со Христос,+ зашто тоа е многу подобро.+ 24 Но поради вас е попотребно да останам во тело.+ 25 Бидејќи сум уверен во тоа, знам дека ќе останам+ и ќе бидам со сите вас за да напредувате+ и да се радувате во верата. 26 Така ќе можете многу да се радувате во Христос Исус поради мене, кога повторно ќе бидам со вас.*
27 Само живејте живот достоен+ на добрата вест за Христос, за — било да дојдам и да ве видам било да не дојдам — да чујам за вас дека сте непоколебливи во еден дух и дека еднодушно+ заеднички се борите за верата на добрата вест 28 и дека во ништо не се плашите од своите противници.+ Тоа е доказ дека тие ќе бидат уништени, а вие спасени+ — тоа е знак од Бог. 29 Бидејќи вам ви е укажана чест заради Христос, не само да верувате+ во него туку и да страдате+ за него. 30 Зашто, ја водите истата борба што видовте дека ја водев јас+ и за која сега слушате дека ја водам.+