Изреки
Мудриот син го радува таткото,+ а безумниот син е жалост за мајката.+ 2 Од богатството на злиот човек нема никаква корист,+ но праведноста избавува од смрт.+ 3 Јехова нема да дозволи да гладува душата на праведникот,+ а копнежот на злите ќе го одбие.+
4 Кој работи со мрзлива рака, осиромашува,+ а трудољубивата рака го збогатува човекот.+
5 Кој собира лете, тој е разборит* син, а кој спие цврсто во времето на жетвата, тој син донесува срам.+
6 Благословите се за главата на праведникот,+ а устата на злите крие насилство.+ 7 Споменот за праведникот му донесува благослов,+ а името на злите гние.+
8 Кој има мудро срце, ги прифаќа заповедите,+ а кој има безумни усни, ќе биде згазен.+
9 Кој живее* непорочно,* живее без страв,+ а кој постапува расипано, самиот се разоткрива.+
10 Кој намигнува пакосно со окото, нанесува болка,+ а кој има безумни усни, ќе биде згазен.+ 11 Устата на праведникот е извор на животот,+ а устата на злиот крие насилство.+
12 Омразата предизвикува караници,+ а љубовта ги покрива сите престапи.+
13 На усните на разборитиот се наоѓа мудроста,+ а прачката е за грбот на неразумниот човек.*+
14 Мудрите собираат знаење,+ а устата на глупавиот е на работ на пропаста.+
15 Богатството е утврден град+ за богатиот, а на бедните им е пропаст нивната сиромаштија.+
16 Работата на праведникот води во живот,+ приходот на злобниот води во грев.+
17 Кој прифаќа опомени,* упатува и други на патот на животот,+ а кој го отфрла укорот, ги води на погрешен пат.+
18 Оној што ја прикрива омразата, има лажливи усни,+ и оној што шири лош глас, безумен е.+
19 Многуте зборови не остануваат без грев,+ а кој си ги зауздува усните, постапува разборито.+
20 Јазикот на праведникот е одбрано сребро,+ а срцето на злиот малку вреди.+
21 Усните на праведникот пасат мнозина,+ а глупавите умираат поради својата безумност.*+
22 Благословот од Јехова збогатува,+ и Бог не задава никаква болка притоа.+
23 За глупавиот е забавно да направи срамотно дело,+ а мудроста му припаѓа на разборитиот човек.+
24 Од што се плаши злобниот, тоа ќе го снајде,+ а желбата на праведниците ќе им биде исполнета.+ 25 Како што поминува виорот, така го снемува злиот човек,+ а праведникот е како вечен темел.+
26 Она што е оцетот за забите и димот за очите, тоа е мрзливецот за своите господари.+
27 Стравот од Јехова додава денови,+ а на злите им се скратуваат годините.+
28 Очекувањето на праведниците е исполнето со радост,+ а надежта на злите пропаѓа.+
29 Јеховиниот пат е заштита за непорочните,*+ а пропаст ги чека оние што прават зло.+
30 Праведникот нема никогаш да се сопне,+ а злите нема да останат на земјата.+
31 Устата на праведникот раѓа мудрост,+ а изопачениот јазик ќе биде истребен.+
32 Усните на праведникот наидуваат на одобрување,+ а устата на злобните е полна со изопаченост.+