Колошаните
1 Павле, преку Божјата волја апостол+ на Христос Исус, и Тимотеј,+ нашиот брат, 2 до светите и верни браќа во единство+ со Христос во Колоси:
Бог, нашиот Татко нека ви даде незаслужена доброта и мир!+
3 Му благодариме на Бог,+ Таткото на нашиот Господар Исус Христос, секогаш кога се молиме* за вас,+ 4 зашто чувме за вашата вера во Христос Исус и за љубовта што ја негувате кон сите свети+ 5 поради надежта+ во она што се чува за вас на небесата.+ За таа надеж сте чуле уште порано преку проповедањето на вистината, односно на добрата вест,+ 6 која дојде до вас и донесува плод+ и расте,+ како во целиот свет+ така и меѓу вас, од денот кога ја чувте и добро ја запознавте* вистината+ за Божјата незаслужена доброта.+ 7 Тоа е она што го научивте од нашиот сакан Епафрас,+ кој заедно со нас му робува на Господарот.* Тој ви е верен слуга Христов наместо нас, 8 а тој и нѐ извести за вашата љубов+ на која ве поттикнува духот.
9 Затоа ние, од денот кога чувме за тоа, непрестајно се молиме за вас+ и бараме да се исполните со добро познавање*+ на неговата волја во сета мудрост+ и способност за сфаќање што ја дава духот,+ 10 за да водите живот достоен*+ на Јехова+ и така потполно да му угодите, донесувајќи плод во секое добро дело+ и сѐ подобро запознавајќи го Бог,+ 11 примајќи ја од неговата славна моќ сета потребна сила+ за потполно да истраете+ и да бидете долготрпеливи со радост 12 и упатувајќи му благодарења на Таткото, кој ве направил достојни да имате удел во наследството+ на светите,+ кои се во светлината.+
13 Тој нѐ избави од власта на темнината+ и нѐ пренесе+ во царството+ на својот сакан Син,+ 14 преку кого сме ослободени со откупнина — простени ни се гревовите.+ 15 Тој е сликата+ на невидливиот+ Бог, првороден+ од сѐ што е создадено. 16 Зашто, преку него е создадено сѐ+ на небесата и на земјата, видливо и невидливо, било да се престоли било да се управи, било влади било власти.+ Сѐ е создадено преку него+ и за него. 17 Тој е пред сѐ друго+ и преку него настанало сѐ.+ 18 Тој е глава на телото, на собранието.*+ Тој е почетокот, првиот кој стана од мртвите,*+ за да биде прв+ во сѐ. 19 Зашто, Божјата волја беше во него да живее сета полнота+ 20 и преку него — откако воспостави мир+ преку неговата крв+ пролеана на маченичкиот столб*+ — да помири+ со себе сѐ,+ било на земјата било на небесата.
21 Навистина, вас, кои некогаш бевте отуѓени+ од Бог и му бевте непријатели бидејќи вашите мисли беа насочени кон зли дела,+ 22 Бог сега ве помири со себе+ преку неговото човечко тело, преку неговата смрт,+ за да ве доведе пред себе свети и неизвалкани+ и без никаква вина,+ 23 но само ако останете во верата,+ ако бидете утврдени+ и постојани+ во неа и ако не отстапите од надежта што ја стекнавте кога ја чувте добрата вест,+ која се проповедаше+ меѓу сите суштества+ под небото. На таа добра вест јас, Павле, ѝ станав слуга.+
24 Сега се радувам што поднесувам страдања за ваше добро+ и сметам дека во своето тело уште не сум страдал доволно+ поради Христос, во корист на неговото тело, кое е собранието.+ 25 Јас станав негов слуга+ според управителството+ што ми го довери Бог за ваше добро, за во потполност да ја проповедам речта Божја, 26 светата тајна,+ која беше скриена во минатите векови*+ и поколенија, а сега им е објавена+ на неговите свети, 27 на кои Бог сакаше да им го објави славното богатство+ на оваа света тајна+ меѓу незнабошците. Таа тајна е Христос+ во единство со вас, надежта дека со него ќе ја делите неговата слава.+ 28 Него ние го проповедаме,+ опоменувајќи го секој човек и поучувајќи го секој човек во сета мудрост,+ за да можеме секој човек да му го претставиме на Бог како зрел*+ ученик на Христос. 29 За тоа и се трудам и се борам+ со помош на неговата сила која дејствува во мене.+