Изреки
5 Сине мој, обрни внимание на моите мудри поуки
и слушај внимателно* што ќе ти кажам за проникливоста
2 за да ја зачуваш способноста за расудување
и од твоите усни да извира знаење.
4 Но, на крајот, таа ќе ти остави горчина како пелин
и болка како да те прободел меч со две сечила.
6 Воопшто не размислува за патот кој води во живот.
Таа лута наоколу, ни самата не знае каде оди.
8 Бегај подалеку од неа
и не приближувај се до вратата од нејзината куќа
9 за да не си го изгубиш доброто име кај другите
и да не страдаш до крајот на животот,
10 за да не ти го одземат туѓинци твојот имот*
и твојот труд да не заврши во туѓа куќа,
11 за да не офкаш од болка на крајот,
кога силата и телото ќе те издадат,
Како можев да го отфрлам укорот?
13 Не ги слушав оние што ме поучуваа
и не им обрнував внимание на оние што ме учеа.
16 Зошто твоите извори да се разлеваат надвор?
Зошто твоите потоци да течат по плоштадите?
17 Тие нека бидат само твои,
немој да ги делиш со други.
18 Нека биде благословен твојот извор
и радувај се со жената со која си во брак уште од младоста,
Нејзините гради нека те опиваат во секое време.
Нејзината љубов постојано нека те плени.
21 Зашто Јехова гледа што прави човекот,
внимателно ги набљудува сите негови патишта.