Изреки
5 Сине мој, добро слушај ја мојата мудрост.+ Приклони го своето уво кон мојата разборитост,+ 2 за да ја зачуваш способноста за расудување,+ и чувај го знаењето на своите усни.+
3 Зашто, од усните на блудница* капе мед како од саќе+ и непцето ѝ е помазно од масло.+ 4 Но она што останува по неа е горко како пелин,+ остро како меч со две сечила.+ 5 Нејзините нозе слегуваат кон смртта,+ нејзините чекори водат во гробот.*+ 6 Таа не размислува за патот на животот.+ И самата не знае каде кривулат нејзините патеки.+ 7 Затоа сега, послушајте ме, синови мои,+ и не отстапувајте од зборовите на мојата уста.+ 8 Твојот пат нека биде далеку од неа и не приближувај се до вратата на нејзината куќа+ 9 за да не им го дадеш своето достоинство на други+ и своите години на она што ќе те уништи,+ 10 за да не се наситат странци со твојата сила+ и да не премине во куќата на туѓинец она што со мака си го стекнал,+ 11 за да не мораш подоцна горко да плачеш+ кога снагата и телото ќе ти се истрошат.+ 12 Тогаш ќе мораш да речеш: „О, колку ги мразев опомените!*+ Колку моето срце го презираше укорот!+ 13 И не го слушав гласот на моите учители,+ не го приклонив увото кон оние што ме поучуваа.+ 14 Многу лесно западнав во секакво зло+ среде собирот и среде заедницата“.*+
15 Пиј вода од својот бунар* и вода што извира од твојот кладенец.+ 16 Мора ли твоите извори да се разлеваат надвор+ и твоите потоци по плоштадите? 17 Тие нека бидат само за тебе, а не и за туѓинците што се со тебе.+ 18 Нека е благословен твојот извор+ и радувај се со жената на својата младост,+ 19 која ти е мила како срна и занесна како планинска коза.+ Нејзините гради нека те опиваат во секое време.+ Со нејзината љубов биди секогаш во занес.+ 20 Зошто, сине мој, да паѓаш во занес со блудница* или да ги прегрнуваш градите на прељубница?*+ 21 Зашто, патиштата на човекот се пред очите на Јехова,+ и тој внимателно ги набљудува сите негови патеки.+ 22 Злобниот ќе го фатат неговите сопствени престапи+ и ќе се улови во јажињата на сопствениот грев.+ 23 Ќе умре, зашто не прима поука*+ и зашто застранил во својата голема глупавост.+