Јован
10 „Вистина, вистина, ви велам, кој не влегува во овчото трло низ вратата,+ туку се прекачува на некое друго место, тој е крадец и разбојник.+ 2 А оној што влегува низ вратата+ е пастирот+ на овците.+ 3 Нему вратарот+ му отвора, и овците+ го слушаат неговиот глас. Тој ги вика своите овци по име и ги изведува. 4 А кога ќе ги изведе сите свои, оди пред нив, и овците одат по него,+ бидејќи го познаваат неговиот глас.+ 5 А по туѓинец нема да одат, туку ќе бегаат+ од него, зашто не го познаваат гласот на туѓинците“.+ 6 Исус им ја кажа оваа споредба, но тие не сфатија што сакаше да им каже со тоа.+
7 Затоа Исус повторно рече: „Вистина, вистина, ви велам, јас сум им врата+ на овците. 8 Сите што дојдоа пред мене се крадци и разбојници,+ но овците не ги слушаа.+ 9 Јас сум вратата.+ Кој ќе влезе низ мене, ќе биде спасен. Ќе влегува и ќе излегува, и ќе најде пасиште.+ 10 Крадецот+ доаѓа само за да украде, да заколе и да уништи.+ Јас дојдов за да имаат живот и да го имаат во изобилие. 11 Јас сум добриот пастир.+ Добриот пастир го полага својот живот за овците.+ 12 Наемникот,+ кој не е пастир и не е сопственик на овците, гледа дека доаѓа волкот, па ги напушта овците и бега, а волкот ги зграпчува и ги растерува.+ 13 Тој бега, бидејќи е наемник+ и не му е грижа за овците.+ 14 Јас сум добриот пастир, и ги познавам своите овци,+ и моите овци ме познаваат мене,+ 15 како што Таткото ме познава мене и како што јас го познавам Таткото.+ И својот живот* го полагам за овците.+
16 И други овци имам,+ кои не се од ова трло.+ И нив морам да ги доведам, и тие ќе го слушаат мојот глас,+ па сите ќе бидат едно стадо со еден пастир.+ 17 Затоа Таткото ме сака,+ бидејќи го полагам својот живот+ за повторно да го примам. 18 Никој не ми го одзема, туку јас сам од себе го полагам. Имам власт да го положам, и имам власт повторно да го примам.+ Таква заповед+ примив од мојот Татко“.
19 И повторно настана поделба+ меѓу Евреите поради овие зборови. 20 Мнозина од нив велеа: „Обземен е од демон+ и полудел. Зошто го слушате?“ 21 Други велеа: „Ова не се зборови на човек обземен од демон. Зар може демон да отвора очи на слепи?“
22 Во тоа време во Ерусалим се одржа Празникот на посветувањето.* Беше зима. 23 Исус одеше низ храмот по Соломоновиот трем.+ 24 Тогаш Евреите го опколија и почнаа да му велат: „До кога ќе ги држиш нашите души во неизвесност? Ако си ти Христос,*+ кажи ни отворено!“+ 25 А Исус им одговори: „Ви кажав, но вие не верувате. Делата што ги вршам јас во името на мојот Татко, тие сведочат за мене.+ 26 Но вие не верувате, бидејќи не сте од моите овци.+ 27 Моите овци+ го слушаат мојот глас, и јас ги знам, и тие одат по мене.+ 28 Јас им давам вечен живот,+ па никогаш нема да пропаднат,+ и никој нема да ги грабне од моите раце.+ 29 Она што ми го даде мојот Татко+ е поголемо од сѐ друго.+ И никој не може да ги грабне од Татковата рака.+ 30 Јас и Таткото сме едно“.+
31 Тогаш Евреите пак зедоа камења за да го каменуваат.+ 32 Исус им рече: „Ви покажав многу добри дела од Таткото. За кое од тие дела ме каменувате?“ 33 Евреите му одговорија: „Не те каменуваме поради добро дело, туку поради хула,+ затоа што ти, иако си човек, се правиш бог“.+ 34 Исус им одговори: „Зарем не е запишано во вашиот Закон:+ ‚Јас реков: „Богови сте“ ‘?+ 35 Ако ги нарече ‚богови‘+ оние против кои зборуваше Бог — а Писмото не може да се поништи+ — 36 како тогаш вие му велите на оној кого Таткото го посвети и го испрати во светот: ‚Хулиш‘, затоа што реков: ‚Јас сум Син Божји‘?+ 37 Ако не ги вршам делата+ на мојот Татко, немојте да ми верувате. 38 Но ако ги вршам, иако не ми верувате, верувајте им на делата,+ за да спознаете и да знаете дека Таткото е во единство со мене и јас во единство со Таткото“.+ 39 Тогаш пак се обидоа да го фатат,+ но тој им избега.+
40 И така, повторно отиде преку Јордан на местото каде што Јован во почетокот крштаваше,+ и остана таму. 41 И многу луѓе дојдоа кај него и му рекоа: „Јован, додуша, не направи ниту едно чудо, но сѐ што рече Јован за овој човек беше вистина“.+ 42 И мнозина таму поверуваа во него.+