Судиите
5 Во тој ден, Девора+ и Варак,+ синот на Авиноам,+ ја запеаја оваа песна:+
2 „Луѓето ги распуштија косите во Израел, подготвени за битка,
народот доброволно се одѕва,+
затоа благословувајте го Јехова!+
3 Слушајте, цареви!+ Чујте, владетели!
Ќе му пеам на Јехова,
4 Јехова, кога доаѓаше од Сеир,+
кога излегуваше од едомското поле,+
земјата се тресеше+ и небото се истури,+
од облаците се лееше дожд.
5 Пред Јеховиното лице се растопија планините+
и пред лицето на Јехова,+ Богот на Израел,+ се растопи и самиот Синај.+
6 Во деновите на Самегар,+ синот на Анат,
во деновите на Јаила,+ опустеа патиштата,
а патниците одеа по заобиколни патишта.+
7 Пусти беа селата во Израел, пусти беа,+
додека не станав јас, Девора,+
додека не станав како мајка во Израел.+
9 Моето срце е со заповедниците на Израел,+
кои доброволно се јавија од народот.+
Благословувајте го Јехова!+
11 Се чуја гласовите на оние што делат вода на поилата.+
Таму ги набројуваа праведните дела на Јехова,+
праведните дела на неговиот народ, кој живее во израелските села.
Тогаш Јеховиниот народ слезе на портите.
12 Разбуди се, о Деворо,+ разбуди се!
Разбуди се, разбуди се и запеј песна!+
Стани, Вараку,+ и одведи ги своите заробеници, сине Авиноамов!+
13 Тогаш преживеаните слегоа кај јунаците.
Јеховиниот народ слезе кај мене за да се бори против силните.
14 Од Ефрем потекнаа оние што дојдоа во рамницата,+
тие се со тебе, Венијамине, меѓу твојот народ.
Од Махир+ излегоа заповедниците,
од Завулон — оние што се служат со писарски прибор.+
15 Кнезовите на Исахар+ беа со Девора,
како Исахар беше и Варак,+
во рамницата беше испратен пеш.+
Долго се колебаше срцето на Рувимовите синови.+
16 Зошто седна меѓу дисаѓите?
За да го слушаш звукот на кавалот, кој им свири на стадата?+
Долго се колебаше срцето на Рувимовите синови.+
17 Галад остана во своето живеалиште од онаа страна на Јордан.+
А зошто Дан остана на бродовите во тоа време?+
Асер седеше на брегот и безделничеше,
и живееше во своите пристаништа.+
18 Завулон е народ што ја изложува својата душа на смрт,+
19 Царевите дојдоа во битка.
Тогаш ханаанските цареви се бореа+
во Танах,+ кај водите на Мегидо,+
но не запленија сребро.+
21 Потокот Кисон ги однесе сите,+
прадревниот поток, потокот Кисон.+
Душо моја, ти ги газеше силните!+
22 Тогаш се чу коњскиот топот,+
силниот јуриш на пастувите.
23 ‚Проколнувајте+ го Мероз!‘ — рече Јеховиниот ангел.+
‚Проколнувајте ги неговите жители,
зашто не му дојдоа на помош на Јехова,
не му помогнаа на Јехова со јунаците!‘
24 Благословена да е Јаила,+ жената на Хевер Кенеецот,+ повеќе од сите жени,
благословена да е повеќе од сите жени во шаторите!+
25 Тој побара вода, таа му даде млеко.
Во голем господски сад му налеа кисело млеко.+
26 Со раката посегна по клинот,
а со својата десница по ковачкиот чекан.+
И го удри Сисара, главата му ја прободе,+
слепоочниците му ги здроби и му ги расцепи.
27 Се струполи меѓу нејзините нозе, падна, легна.
Се струполи меѓу нејзините нозе, падна.
Каде што се струполи, таму мртов остана.+
28 Низ прозорецот гледаше мајката на Сисара,
со поглед го бараше низ прозорската решетка:+
‚Зошто толку долго не се враќа неговата кола?+
Зошто доцни тропотот на неговата запрега?‘+
29 Нејзините мудри благороднички+ ѝ одговараа,
а и самата таа си одговараше:
30 ‚Не најдоа ли плен, па го делат,+
по една до две девојки на секој човек,+
разнобојни ткаенини запленија за Сисара, разнобојни ткаенини запленија,
везена облека, обоена ткаенина, две везени облеки
да бидат украс околу вратот на оние што го нашле пленот?‘