Изреки
8 Зар не вика мудроста?
Зарем не одекнува гласот на проникливоста?
2 Таа стои на височинките крај патот,
стои на раскрсниците.
6 Слушајте, бидејќи она што го кажувам е важно,
моите усни го зборуваат она што е исправно.
7 Со тивок, пријатен глас ја зборувам вистината,
а злото им е одвратно на моите усни.
8 Сите мои зборови се праведни,
ниту еден од нив не е расипан или изопачен.
9 Тие им се јасни на проникливите
и исправни се за оние што стекнале знаење.
11 Зашто мудроста е подобра од скапоцени камења,*
ништо што човек би можел да посака не може да се спореди со неа.
12 Јас, мудроста, живеам со остроумноста;
поседувам знаење и способност за расудување.
13 Стравопочитта кон Јехова значи да се мрази злото.
Јас ги мразам вообразеноста и гордоста, лошото однесување и изопачениот говор.
14 Кај мене ќе најдете добар совет и мудрост.
Имам разборитост и имам моќ.
15 Со моја помош царевите царуваат
и оние што се на власт носат праведни одлуки.
16 Со моја помош кнезовите владеат
и достоинствениците праведно судат.
17 Јас ги сакам оние што ме сакаат,
и оние што ме бараат ќе ме најдат.
19 Мојот плод е подобар од злато, па дури и од чисто злато,
и она што го давам е подобро од најчистото сребро.
20 Јас одам по патот на праведноста,
среде патеките на правдата;
21 им давам вредно наследство на оние што ме сакаат,
ги полнам нивните ризници.
22 Јехова ме создаде. Јас сум почетокот на неговиот творечки пат,
првото од неговите созданија од дамнина.
23 Постојам уште од дамнешни времиња,
од самиот почеток, уште пред да настане земјата.
25 Се родив уште пред да бидат утврдени планините,
пред да настанат ридовите,
26 пред тој да ги направи земјата и полињата на неа
и првите грутки почва.
27 Кога ги подготви небесата, јас бев таму.
Кога го исцрта хоризонтот* над површината на водата,
28 кога ги постави* облаците во височините
и ги создаде изворите на водните бездни,
29 кога му одреди на морето граница
која неговите бранови не смеат да ја поминат
и кога ги положи* темелите на земјата,
30 јас бев покрај него како врвен мајстор
и му бев посебна радост секој ден.
За сето тоа време се радував пред него,
31 се радував на земјата што ја создаде за да биде населена,
а особено мили ми беа луѓето.*
32 А сега, синови мои, послушајте ме,
среќни се оние што одат по моите патишта.
33 Слушајте ја поуката* и станете мудри.
Немојте никогаш да ја занемарувате.
34 Среќен е човекот кој ме слуша,
кој рано наутро доаѓа* на мојата врата од ден на ден
и чека крај влезот на мојата куќа.
35 Зашто, оној што ќе ме најде, ќе најде живот
и ќе стекне наклоност од Јехова.
36 А оној што нема да ме најде, ќе си наштети.
Сите што ме мразат, ја сакаат смртта“.